14 Мај, 2024
0.0260

Традиционален Новогодишниот караван на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Фондацијата Т-Мобиле за Македонија традиционално веќе 13 година по ред ќе организира хуманитарен Новогодишен карван за најранливите групи на деца. Караванот ќе ги посети дечињата без родители, децата со посебни потреби, со оштетен слух и вид, децата со телесен инвалидитет и децата од социјално загрозени семејства за кои специјално ќе биде организирана Новогодишна претстава и ќе им се поделат пакетчињата.

Крајот на годината за нас секогаш значи посета на најранливите категории на дечиња низ Македонија и незаборавно дружење со нив.

Овој период е карактеристичен по дарувањето, поделувањето на добрата мисла и новогодишните желби, па затоа сакаме да се свртиме кон оние дечиња на кои вниманието и љубовта им е најмногу потребна и да се обидеме барем за момент да им измамиме топла насмевка, велат волонтерите.

Караванот го реализираат волонтери, вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком. Оваа година од 17 до 30 декември, волонтерите ќе посетат над 2000 деца низ Македонија. Секоја година се посетуваат различни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно.

Новогодишниот карван ќе ги посети: СОС Детското село, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес, ПОУ „Златeн Сремeц“ и ПОУ „Иднина“ во Скопје, Здружението за деца со аутизам „Во мојот свет“, ПОУ „Свети Климент Охридски“ во Ново Село, Детската хирургија, Детската болница во Козле, Дневниот центар за деца со посебни потреби од Прилеп, Одделенијата за детски болести во Градските болници во Прилеп, Битола, Штип, Велес, Струмица, Охрид, Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Железара, Децата во интернат при Основното училиште „Гоце Делчев“ во Љубанци, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” и децата од предучилишна возраст во Скопје и Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Заводот за деца со оштетен Слух „Kочо Рацин” и Заводот за рехабилитација на говор, глас и звук во Битола, Дневните центри за деца на улица во Шуто Оризари и Автокоманда и Кисела Вода, Здружението „Сумнал”, деца на самохрани родители членови на „Минус и Плус”, Домот за деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” во Скопје, Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, децата жртви на семејно насилство и децата во интернат при ОУ „Христија Тодоровски Карпош” во Куманово, децата со посебнипотреби во градинката, во ОУ „Лирија” и “Андреја Савески –Кикиш ” во Тетово, децата со посебни потреби во Дебар, Државно средно училиште за глуви „Партение Зографски”, децата во паралелки за деца со посебни потреби во Кавадарци, детскиот оддел на болницата „Свети Еразмо” во Охрид, децата згрижени во дом семејства во Скопје, здружението „Ластовица” и децата кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на говор, звук и глас во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Празничен продолжен викенд во Крушево

Празничен продолжен викенд во Крушево

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава