Добивај вести на Viber
„Toshiba“ ќе го преполови бројот на вработените во производствениот сектор за телевизори и во наредните шест месеци ќе го паузира производството во две од три фабрики надвор од Јапонија, пренесува Ројтерс.
Компанијата ќе укине 3.000 работни места во секторот за производство на телевизори, од кои 2.000 лица во странство.
„Toshiba“ располага со една фабрика за телевизори во Кина, една во Индонезија и eдна во Полска, но во соопштението не се наведува кои две фабрики од наведените ќе престанат со работа.
Активностите во секторот за производство на телевизори во последните две години бележат негативен тренд што се должи на намалената побарувачка во Европа и Јапонија.