02 Мај, 2024
0.0251

Топлификација: ТЕ-ТО ни бара стечај за 1,1 милион евра, а ни должи 28 милиони

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Барањето за стечај на Топлификација АД е поднесено од фирмата Битар Холдингс Лимитед  која е 89,2% сопственик на ТЕ ТО АД, за побарување кон Топлификација АД од околу 1,1 милион евра, тврди претпријатието во препукувањата меѓу двете компании.

„Во овој момент ТЕ ТО АД, по сопствено признание дадено во Програмата за сопствена реорганизација приложена за стечајот кој ТЕ ТО АД си го бара сам на себе, е должен на Топлификација АД над 28 милиони евра. Од тоа 11,4 милиони евра по извршна судска пресуда донесена од Врховниот суд на РМ“, велат од Топлификација.

Од таму велат дека во истата Програма за реорганизација  директорот на ТЕ ТО АД бара отпис на долгови кон Топлификација АД од околу 26 милиони евра за да се спасила фирмата од банкротство.

„Исто така во Програмата за реорганизација ТЕ ТО АД признава дека во периодот 2013 – 2017 работел целосно непазарно купувајќи природен гас од дефинирана offshore фирма и продавајќи електрична енергија на строго дефинирана фирма надвор од државата“, додаваат од Топлификација.

Топлификација АД е подготвена веднаш да го плати својот долг кон Битар Холдингс Лимитед доколку ТЕ ТО АД си ја исполни својата обврска кон Топлификација АД само по пресудата на Врховниот Суд на РМ.

„Топлификација АД уште еднаш ги повикува надлежните органи во Република Македонија целосно да ја испитаат постапката на стечај на ТЕ ТО АД и непазарното работење на ТЕ ТО АД во периодот 2013 – 2017 за да се избегнат сериозни штети на доверителите на ТЕ ТО АД од над 152 милиони евра отписи кои раководството на ТЕ ТО АД ги бара во својот стечај предизвикан сам на себе“, реагираат тие.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?