18 Мај, 2024
0.0274

ТОП ТРИ Фактори за намалување на невработеноста: козметика или реалност?

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

На што се должи падот на невработеноста? На реално вработување, на регистрирање на црната вработеност или на иселеувањето. Експерите ќе речат на се по нешто. Постојаното намалување на бројот на невработени луѓе доведе до тоа невработеноста од 38 отсто во 2006 година сега да биде 24,5 отсто. Според податоците на статистика невработеноста рамномерно се намалува во сите региони. 0tabela-nevr Податоците покажуваат дека имаме намалување на невработеноста во сите македонски градови и села, што навистина е добар податок, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Експертите сметаат дека намалување на невработеноста главно се должи на два неекономски фактори. Првиот е иселувањето, особено иселувањето на младите лица, а вториот е што се регистрираа диво вработените. Третиот фактор е економски и се должи на отворениет инвестиции во слободните економски зони. Еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство. “Сметам дека одливот на работоспособно население има удел врз вкупната состојба на пазарот со работна сила, а со тоа и врз стапката на работоспособно население, која е основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Имено доколку стапката на работоспособно население се намалува, тогаш се намалува и основата за пресметка за вредностите за невработеноста и вработеноста“, рече неодамна професорот Ванчо Узунов. Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ смета дека главната причина лежи во регистрирање на диво вработените, односно во намалување на стапката на сива економија. Инаку, најголем број од вработените на црно во изминатиов период ја искористија шансата за вработување преку субвенции од „Македонија вработува“. Третата причина е економска и таа се должи на странските инвестиции. Иако бројката не е голема, се зборува за околу 13 илјади луѓе, тие сепак се вработени во фабрики од каде земаат плата.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа