17 Мај, 2024
0.0261

ТОП 10: Ова се најдобри држави за работа за странци

Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Многу луѓе се во потрага по подобра работа, кариера и повисоки приходи во странство.

Банката HSBC претстави свое истражување на најдобрите земји за работа на странски експерти.

Студијата е мислење на 27 000 луѓе од 190 земји, кои работат во странски држави. Меѓу испитаните критериуми се пристапноста до работа, можноста за издржување на семејството, приходи, начин на живот, напредок во кариерата, баланс работа-приватност, бонуси.

Видете кои земји спаѓаат во Топ 10:

10. Бахреин

Просечната годишна плата за странски специјалисти тука е 98 622 долари. 65% од работниците во земјата кои се странци добиваат како бонус годишна можност да се вратат во својата татковина. 91% од вработените во Блискиот Исток велат дека договорите им вклучуваат различни бонуси, во просек 67% за целиот свет.

9. Британија

83 227 долари е просечната годишна плата за странски специјалисти тука. Земјата за прв пат спаѓа во Топ 10 на листата. Вработените странци тука признаваат дека добиваат повеќе нови вештини во споредба со нивната родна земја (64%) и напредок во кариерата (62%).

8. Хонгконг

Тука просечната плата за странци е 169 756 долари годишно. Половина кои работат сепак признаваат дека иако нивната кариера и можности значително се подобри, тогаш балансот работа слободно време е влошено.

7. Австрија

Во Австрија просечниот годишен приход за странски специјалисти е 85 288 долари годишно. И таа како Велика Британија за прв пат паѓа во Топ 10.

6. Сингапур

Тука вработените странци добиваат 138 641 долари годишно. 30% од работниците странци тука сепак наведуваат дека нивниот животен стандард се влошил.

5. Норвешка

Просечниот приход на странски работник тука е 97 486 долари годишно. Земјата паѓа за првпат во Топ 10, а најголем број луѓе, споредено со сите други земји - 87 отсто, велат дека балансот работа - слободно време значително се подобрил.

4. Обединети Арапски Емирати

Приходот на вработените странци во Емиратите е 112 820 долари годишно. 56% добиваат како бонус сместување, а 75% - здравствени бонуси.

3. Шведска

Тука просечната плата за година на специјалист од странска земја е 84 802 долари. Вработените тука посочуваат дека имаат одлични можности за работа.

2. Германија

Просечниот приход на странец во Германија е 97 693 долари годишно. Според 70% од работниците странци велат дека тука безбедноста на нивната работа е поголема отколку во родните земји.

1. Швајцарија

Странец кој работи во оваа земја добива 188 275 долари. Сумата е речиси најголема на ранг листата, а за првото место придонесуваат и најдобриот баланс меѓу работата и слободното време. Покрај тоа приходот тука е речиси двојно поголем од просекот на странски специјалисти во светот, кој е 97 419 долари годишно.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!