08 Мај, 2024
0.0238

Топ 10 државни тендери! Кој ги фати големите „кинти“ на обезбедување, лекови, реконструкции

Објавено во: Економија 28 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Тендерот број еден за овој месец го доби НИКОБ како единствен понудувач на СОЗР за период од 3 години. Државната Пошта за одржување хигиена ќе плаќа две години по 360.000 евра годишно, а Министерството за одбрана во градежна офанзива за реновирање во касарна „Илинден“ ќе плати 1,3 милиони евра

Највредните десет договори за тендери, од крај на август до крја на септември) кои ги склучиле државни институции отворија работа (набавка на стоки и услуги) на фирми во вкупна вредност од 5,9 милиони евра.

Највреден во овој период е тендерот за физичко обезбедување на објекти на државната управа. Го доби скопски НИКОБ за вредност од 3,2 милиони евра за период од 3 години. На овој тендер што го распиша Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) имало само една понуда.

Втор според вредноста договор, за овој период, склучи Државната видеолотарија фирма која нуди палета услужни дејности со високо ниво на технолошка подготвеност. Станува збор за договор за телекомуникациски услуги за поврзување продажни места вреден 1,15 милиони евра.

Државната Пошта за одржување хигиена за две години на Техночист ќе му плати 722.000 евра.

Министерството за одбрана е во градежна офанзива! Фирмата МГИ Инвест ЛТД доби два тендери за реновирање објекти во касарната „Илинден“. За оваа услуга ресорот што го води Шеќеринска ќе плати над 1,3 милиони евра.

Градоначалникот Шилегов  за надзор врз градба на повеќе локации низ Скопје на друштвото ЕОС ЕЕ ќе плати 576.000 евра, а за реконструкции на еден булевар ќе плати уште 522.000 евра. Добитник на овој тендер е ТОП Билд ДООЕЛ од Скопје.

И три тендери за лекови се во првите десет според вредноста склучени во овој месец. Станува збор за еден тендер за набавка на лекови за потреби на клиниките за гастроентерохепатологија и два тендери за клиниката за неврологија. Трите се со вредности нешто над половина милион евра, а заедно вредат над 1,5 милиони евра.  Добитници се: „Алкалоид Конс“, „Варус“ и „Еуро Фарм“ Битола.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување