Тонат акциите на MoneyGram по забраната да се спојат со AliBaba
Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2018
Акциите на финансиската компанија за трансфер на пари MoneyGram тонат на берзите откако американскиот регулатор одби да даде одобрување за спојување со банката Ant Financial основана од кинескиот онлајн гигант AliBaba предводен од милијардерот Џек Ма.
Главните причини поради кои владата на САД забрани MoneyGram да се припои кон банката Ant Financial е тоа што не може да се гарантира приватноста на корисниците и ваквиот договор би донел многу ризици по безбедноста на финансиските трансакции со оглед на мешањето на кинеските власти во операциите на AliBaba.
Акциите на MoneyGram паднаат за 6,46% на берзите со цена од 12,45 долари за една акција што е рекордно најниско ниво во последната година, за потоа за нијанса да пораснат на 13,31 долари по акција.
Ant Financial сега со MoneyGram ќе прави планови за стратешко партнерство што ќе ја зајакне нивната оперативност на глобално ниво. Од двете компании изразија разочарување што геополитичките услови се испречиле на патот на нивното спојување и зделката која ќе донесеше огромни инвестиции.
MoneyGram е втор по големина финансиски субјект во светот за трансфер на пари и работо во различни капацитет уште од 1940 година.