ТОЈ Е КРАЛ НА ШЕЌЕРОТ: Дава 2.000 евра плата, но не може да најде стручни работници
Објавено во: Економија, Балкан 26 Февруари, 2017
Миодраг Костиќ сопственик на „MK grupe“ сака да вработи 10 луѓе на кои би им давал плата од 2.000 евра, но не може да ги најде.
Тој бара агрономи кои би работеле во неговата фирма во Украина.
„Ако има некој кој знае добри агрономи нема ми каже. МК нема проблем со пари, имаме да вложиме во одгледување јаболка и домати, но немаме кадри. Немаме стручњаци кои би го имплементирале тоа што ние го знаеме“ - вели Костиќ.
Тој вели дека Србија треба да ги зголеми субвенциите за оваа дејност, а како пример ја спомнува Хрватска.
Според него, треба да се зголемат субвенциите за да се окрупнат посевите.
Костиќ додава дека Шумадија е погодна за одгледување на вишни, цреши, јаболка, кајсии.