19 Мај, 2024
0.0258

Тодор Сејзов нов извршен директор на винаријата Сковин АД

Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

По заминувањето на Перо Моцан од 01.04.2015 год. за нов Извршен Директор на Винарија Сковин АД е назначен  Тодор Сејзов. Сејзов е дипломиран економист и има долгогодишно искуство на управувачката позиција Директор на продажба во Лотарија на Македонија. тодор сковин

" Новата функција е уште еден нов, голем предизвик во мојата професионална определба. Македонија  има огромен потенцијал за развој на винскиот сектор како во рамките на нашата земја така и во регионот па и пошироко. Секако дека Сковин е веќе докажан бренд  и подолг период извезува вино во Европа, Русија, Јапонија и Канада. Пробивањето на нови пазари и запознавањето на културата и навиките на тамошното население ни дава дополнителен стимул и желба за работа и адаптирање на нашиот финален производ во согласност со барањата и потребите на крајниот конзумент. Во моментов сме во преговори за проширување и освојување на поголем дел од Кинескиот пазар. Во однос на домашниот пазар новина е соработката со нашиот нов дистрибутер Гемак, а исто така и морам да споменам дека Сковин АД во целост ги исплати лозарите и со тоа ја испочитува законската обврска за откуп на грозјето предвидено до 30.04.2015г.

Тимот на Сковин предводен од професионални енолози секогаш успева да понуди нови и квалитетни вина, во контекст на ова ќе го споменам последното пенливо вино - Сковин Пенливо кое го лансиравме на пазарот непосредно пред новогодишните празници. Сковин Пенливо е добиено со примена на класична метода на производство што му дава врвен квалитет и неодолив вкус. Иновативноста на Сковин секогаш била нејзина предност, впрочем ние бевме првата винарија која излезе со брендирана ракија и првото пенливо вино  (2003 год.) "  завршува Сејзов.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст