29 Април, 2024
0.0247

Тинклер: Вчера милијардер, денеска пред банкрот

Објавено во: Стил 22 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Пред девет години тој беше електричар. Пред шест месеци неговата состојба се проценуваше на 1.18 милијарди австралиски долари (1.22 милијарди долари). Рударскиот бум во Австралија го направи најбогатиот Австралијанец на возраст под 40 години. Сега 36-годишниот магнат за јаглен Нејтан Тинклер се соочува со брдо од долгови. Богатството му се намали до 400 милиони австралиски долари, како последица на намалувањето на побарувачката и пад на цените на јагленот, додека во исто време долговите кон различни доверители се зголемуваат и веќе стигнале до 638 милиони австралиски долари. Вчера неговата компанија влезе во процедура на ликвидација. Тинклер брзо стигна до врвот, но се чини исто толку брзо и паѓа надолу. Сега се соочува со сериозни долгови, а неговата империја за коњските трки, неколкуте спортски екипи кои ги поседува, како и неговиот личен авион може да му бидат одземени. И додека доверителите се вртат околу Тинклер со месеци, вчерашната пресуда на високиот суд во Нов Јужен Велс за ликвидирање на неговата компанија „Mulsanne Resources“ поради неплатен долг од 28.4 милиони австралиски долари може да биде индикација дека среќата веќе го напуштила. Претходно неколкупати успеваше да ја одложи ликвидацијата на неговата компанија. Денес неговата компанија за одгледување расни коњи и организирање трки  „Patinack Farm Administration“ влезе во процедура на ликвидација со обврски во износ од 2 милиони долари. Проблемите на Тинклер се одразуваат и на спортскиот живот во земјата. Неговата компанија „Hunter Sports Group“ заостанува со плаќањето на платите на спортистите од фудбалскиот тим Њукасл Џетс и на тимот на рагби Њукасл Наитс. Тинклер засега најде доволно пари за да плати кирија на стадионите, користени од двата тима. Избегната е засега и заплената на неговиот приватен авион „Dassault Falcon 900“ вреден 40 милиони австралиски долари. Со него тој одлета за Сингапур, каде што тој и неговото семејство живеат во соседни куќи, пред кои се паркирани Масерати и Порше. За време на големиот пад на цените на јагленот во август, Тинклер се откажа од плановите за купување на еден од најголемите производители на јаглен во Австралија „Whitehaven Coal“ за 5.3 милијарди австралиски долари. Компанијата на Тинклер „Aston Resources“ сепак останува најголемиот акционер во „Whitehaven Coal“ со удел од 19.4 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти