18 Мај, 2024
0.0316

Тим билдинг на картинг патека – Динамично, забавно и значајно искуство за секој професионалец

Објавено во: Македонија 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Професионалците често се соочуваат со крајни рокови кои се невозможни да се достигнат, постојана трка со времето и незавршените работни обврски, потреба да се стигне на секој состанок, да се одговори на секој компаниски мејл.

Деловното окружување во Македонија може да биде прилично напорно, за секој вработен, па дури и за целиот тим во една компанија. Токму затоа, потребни се дополнителни активности со кои членовите на една компанија подобро ќе се запознаат, ќе ја одредат својата динамика на работа, ќе ги препознаат своите предности и ќе имаат можност да остварат и нови контакти. Тактиката на тим билдинг е одлична и како стратешка определба на менаџментот во насока на подобрување и усовршување на способностите на човечките ресурси, како и негова усогласеност, посебно при надминување на конфликтните ситуации.

Брзото темпо со кое живееме и бројните работни обврски во текот на денот можат да бидат изморувачки и стресни. Често поради тоа се раѓаат и конфликти во работните тимови. Токму поради тоа, неопходни се моменти на зближување и усогласеност на тимот, со цел повторно да се врати фокусот, да се постави поефикасна координација, да се мотивира духот на екипата и да се најде нова заедничка енергија.

Потребата од насочување, координирање, мотивирање и подобро организирање на работното место, може одлично да се преслика на патеката на Арт Картинг центарот покрај Спортскиот центар Борис Трајковски. Картинг центарот е идеален за тим билдинг атмосфера. Возењето на картинг дава силен мотив, го буди натпреварувачкиот дух и максимално ја зголемува забавата.

Социјалните односи во секоја компанија се премногу значајни за да се запостават. Надворешните активности, особено за компаниите кои имаат поголем број на вработени, може да бидат пресудни за изнаоѓање на „заеднички јазик“. Една картинг сесија може да го постигне токму тоа, да придонесе тимот повеќе да си верува и подобро да соработува.

Арт Картинг центарот е секогаш достапен за тим билдинг како една иновативна техника со многу забава и адреналин, нешто што отскоскнува во споредба со различните семинари и обуки на консултанти или тренери. Полнењето на енергијата со картинг возилата може да ви биде доволно за следниот квартал, за следните бизнис предизвици, за следните цели на тимот и вашата компанија. Затоа Арт картинг центарот се чини како одличен избор за креативен тим билдинг. 


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност