14 Мај, 2024
0.0270

Нови изненадувања за домашните вински ентузијасти

„Тиквеш“ ви ги претставува „Виоње“ и „Плавец“

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Винарската визба „Тиквеш“лансираше на пазарот два новитета во палетата врвни вина од линијата „Special Selection” од сортите Виоње и Плавец, кои како издвоени сорти за првпат се употребуваат во Македонија, иако се исклучително популарни во други земји.

Линијата„Special Selection” претставува широка палета на вински вкусови во која секоја сорта е презентирана со своите најдобри карактеристики и во најдобро светло, што е одлична можност за потрошувачите да го одберат она вино што најмногу им одговара и им се допаѓа.


„Оваа новина во портфолиото претставува реализација на нашата стратешка определба за константно воведување иновации во различни сегменти од работењето“, објаснува генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ,потенцирајќи дека „составен дел од ваквата стратегија секако е креирање на портфолио согласно желбите на потрошувачите, привлекување нови потрошувачи и нивен развој во вински ентузијасти“, заклучува Вукиќевиќ.

Лозовите насади каде се одгледуваат сортите од кои се произведени двете нови вина се наоѓаат на падините на планината Бабуна, на надморска висина до 270 метри и ориентација кон исток со што е овозможено оптимално изложување на сонце и зреење на грозјето. Почвата – рензина, каде се насадени лозјата, е богата со минерали и е со одлична пропустливост на водата. Самите лозја се поставени на позиција во која струењето на северниот ветер овозможува добро проветрување кое е особено значајно за задржување на свежината и природната отпорност на грозјето.

Виоње е суво бело вино произведено од интернационална сорта на грозје кое е особено популарна во Франција. Се одликува со лимон жолта боја и нагласени ароми на кора од портокал, манго и праска, дополнети со ноти на бело чоколадо, кокос и ванила кои се резултат на шестмесечно одлежување во специјални дабови буриња. Ова вино се карактеризира со полно тело, а на вкус се чувствуваат минерални ноти и препечен леб.

Црвеното суво вино Плавец е произведено од истоимената автохтона сорта која е распространета во целиот наш регион, а особено е популарна во Хрватска. Виното се карактеризира со интензивна рубин црвена боја и ароматични ноти во кои се чувствуваат различни зачини, како бел бибер, каранфилче и диви црни рибизли. Ова вино се карактеризира со средно тело и меки танини, а на вкус можат да се почувствуваат и ноти на потпечено овошје.

Можеби ќе ве интересира

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби