19 Мај, 2024
0.0276

ТИЕ СЕ ГОСПОДАРИ НА ИНТЕРНЕТОТ: Се среќаваат 4 пати годишно и поседуваат 7 клучеви!

Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Иако звучи како вистинска научна фантастика, приказната е вистинска, светскиот интернет сообраќај го контролираат 14 лица кои поседуваат седум вистински, метални клучеви и се состануваат четири пати годишно на церемонијата која изгледа како во филмски трилер.

Местото на средбата е високо безбеден простор во Ел Сегунд, предградие на Лос Анџелес, зад чии челични решетки се наоѓаат хај-тек обезбедени сметки. Во оваа просторија не може да продре никаков електронски сигнал, а пристапот не е дозволен ни за персоналот за чистење, па дури ни за обезбедувањето на зградата. Мисијата на Том Круз за напад во оваа соба навистина би била невозможна, пишува британски „Гардијан“.

Организацијата која владее со овој простор се нарекува  ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers - Internet  корпорација за доделување на имиња и броеви). Два пати годишно (и уште два пати во слични простории во Вашингтон) тука се одржува таканаречената церемонија на потпишување клучеви. За да се разбере подобро за што се работи, важно е да се знае дека интернет адресите се состојат од низа броеви.

За да можат луѓето да ја запамтат адресата, овие низа броеви се заменуваат со имиња. ICANN на секое име на интерент му доделува еден од овие низа броеви т.н. ај-пи адреса.

БАНКА НА ПОДАТОЦИ

На тој начин ICANN го контролира „телефонскиот именик“ на интернетот, во кој се наоѓаат буквално сите адреси на сајтови на светот. Тоа на оваа организација и дава неверојатна моќ. Колапс на системот би довел до хаос. Да речеме, сакате да го внесете името на својата омилена страница, а како одговор добиете нешто сосема друго или ништо. Уште полошо е тоа што оној кој би освоил неограничен пристап на банката на податоци на ICANN би можел да манипулира со целиот интернет како сака. На пример, да отвори лажна банка на која ќе ги пренсаочи сите клиенти на вистинската банка. Последиците би биле еднакви на најлошата природна катастрофа.

КОЈ ИМА МОНОПОЛ

Довербата во сигурноста на мрежата е многу потресена после откритието на НСА дека го шпиунира целиот сообраќај на интернет. Иако чуварите на клучевите освен од Америка, доаѓаат од Русија, Кина, Буркна Фасо, Јапонија, Јужноафриканската Република, прашањето кој на ICANN му дал толку власт во рацете е исклучително важно за иднината. Рик Ламб, главниот програм менаџер на оваа непрофитна организација, одговара дека тоа е „цела онлајн заедница“. Меѓутоа, бидејќи тој е некогашен службеник на американското Министерство  за надворешни работи, не чуди тоа што кај многу држави тој монопол  произведува мало заладување. Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателката на Бразил Дилма Русеф го покренале ова прашање и пред ОН, а и Европската комисија, која засега официјално тврди дека има доверба во организацијата, барајќи измени, бидејќи „јасно е дека дошло време за глобализација на ICANN.

Доколку, меѓутоа , од било кои причини би дошло до пад на целиот систем, би било неопходно да се рестартира. За повторно покренување задолжени се седум лица, таканаречени офицери за шифри. Тие поседуваат по еден клуч со кој можат да го отворат сефот во своето сопствеништво во кое лежи мемориската картичка. Сите седум картички заедно мора да бидат вметнати во еден компјутер. А, кој овозможува пристап на ICANN  базата на податоци. Освен седум сопственици на клулеви, ICANN  на оваа церемонија именува и седум „лица од сенка“, кои не поседуваат клучеви за сефовите, туку мемориски картички на кои се наоѓаат сочувани делови од код на софтверот за генерирање на главниот клуч. Овие седум лица се должни еднаш годишно да испратат своја слика на која во раце ја држат својата мемориска картичка и дневни весници од денот кога фотографијата е направена. Овие 14 лица практично држат клучеви на целиот интернет.

ХАКЕРИТЕ ЗАКАНА

Почнувајќи од 2010 година, сите 14 „сајбер офицери“ се состануват четири пати годишно за да присуствуваат на церемонијата на која секогаш повторно се генерира софтверски клуч. На една овогодишна церемонија присуствувале и англиски новинари кои сведочат за невидени мерки на безбедност. На пример, во важни простории може да се влезе само после скенирање на окото на посетителот. Потоа се пристапува на програмот кој во 100 точки го пропишува чекор по чекор процесот на генерирање на клучот. Се снимаат бројни камери, кои седницата во живо ја пренесуваат преку интернет.

Дека сите овие мерки не се бесмислени, покажува случајот од пред неколку години кога интернетот за влакно избегна катастрофа. Тогаш еден од најпознатите светски специјалисти за безбедност на интернетот по име Ден Камински пронашол огромен безбедносен пропуст кој веднаш го пријавл на ICANN и за чие поправување требале речиси шест месеци. На сета среќа тоа не го откриле лицата кои се занимаваат со криминал на мрежата, бидејќи последиците би биле несогледливи. Ден Камински е еден од творците на новиот систем на заштита и еден од седумте носачи на „клучевите на интернетот“. Сепак, со кој во иднина мора да се бори, му покажале младите хакери, кои влегле во неговиот приватен компјутер и му ја украле целосната кореспонденција, протоколи и лозинки. Заклучен зад решетки

Колку се чуствителни безбедносните уреди, говори и случајот со последната церемонија, кога еден од контролорите малку посилно ја затворил вратата на просторијата во која се седумте сефови со мемориски картички. Сеизмичките сензори веднаш реагирале и ги заклучиле сите врати, оставувајќи го носачот на клучеви зад решетки на простор од само неколку квадратни метри.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата