Добивај вести на Viber
Половина милион од граѓаните на оваа земја не можат да си дозволат три пати недело да имаат месо за ручек.
Во Хрватска 19,9% од граѓаните се сиромашни. Ова го покажуваат податоците на хрватскиот Завод за статистика.
Скоро 9% од граѓаните на Хрватска немаат пари да платат греење, а исто така 13% живеат во домаќинства кои не можат да си дозволат оброк кој содржи месо и риба секој втор ден.
58% од лицата живеат во домаќинства кои не можат да си го подмиран неочекуваниот финансиски трошок од сопствени средства, а 31% од лицата живеат во домаќинства кои тешко врзуваат крај со крај.
Прагот на ризикот од сиромаштија во едночлено домаќинство е 286 евра месечно, односно 3.430 евра годишно.
За четворочлено домаќинство со две возрасни лица и две деца, прагот на сиромаштија изнесува 600 евра месечно или 7.204 евра годишно.
58% од Хрватите живеат во куќи или станови во кои вкупните трошоци и станови претставуваат финансиски терет.
Хрватските медиуми пишуваат дека делови од земјата се празнат поради иселувањето, а Хрватите најчесто заминуваат во Германија.
Најмали плати во ЕУ примаат работниците во Романија, Бугарија, Унгарија, Латвија и Хрватска.