04 Мај, 2024
0.0248

Тевдовски со надеж дека и опозицијата ќе дебатира за буџетот

Објавено во: Финансии 21 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Собраниската процедура за носење на предлог буџетот за 2018 година тече со дебата во која опозицијата воопшто не учествува, ниту пак има намера да поднесе нови амандмани. Ваквата состојба предизвикана од политички мотиви се уште може да се надмине откако министерот за финансии Драган Тевдовски ја повика опозицијата да се вклучи во дебатата бидејќи станува збор за многу сериозен процес.

- Би сакал да има конструктивна дебата бидејќи буџетот е најсериозниот акт што се донесува во една година. Мислам дека за да имаме подобро функционирање на државата би требало и опозицијата да учествува и да дава критики и коментари за документот - изјави денеска  Тевдовски, одговорајќи на новинарско прашање пред првата седница на Советот за Советот за развој на македонскиот пазар на капитал.

Владата на седница го усвои дополнителниот изменет буџет со прифатените шест амандани од комисиската расправа во Собранието на Република Македонија, по што го врати во собраниска процедура. Пленарната седница за расправа по предлог буџетот за 2018 година е закажана за утре, но речиси извесно е дека пратениците од опозицијата нема да се вклучат во дебата.

Во Дополнетиот предлог буџет направени се зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, кај блок дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата