03 Мај, 2024
0.0294

„Тетекс“ ќе подели 50 денари дивиденда по акција!

Објавено во: Економија 25 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемиот акционер Глигорие Гоговски, долгогодишен директор на „Тетекс“ од дивиденда може да добие околу 42.000 евра Акционерите на „Тетекс“ ќе добијат бруто дивиденда од 55,56 денари за акција, пишува во предлог одлуката за која ќе гласаат сопствениците на акции во најпозната македонска тектилна и конфекциска индустрија, а е закажано за 15 април годинава, објави „Тетекс“ на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Доколку акционерите го одобрат предлогот, а многу е веројатно дека така ќе биде така, ќе добијат по 50 денари нето дивиденда што претставува принос од 7,7 отсто од последната пазарна цена на таа акција. А тоа е солиден и многу конкурентне принос на вложени средства кога ќе се спореди со други акции, но особено со годишните каматни стапки за орочени девизни и денарски депозити на домашните деловни банки. Доколку биде усвоен предлогот на акционерското собрание ова ќе биде втора година по ред „Тетекс“ да дели солидна дивиденда. Според официјалните податоци на интернет страницата на берзата „Тетекс“ подели дивиденда за 2013 година во износ од 57,3 денари за акција, а и во 2012 година акционерите добија симболични 4,4 денари за акција. Во одлуката што е предлог за гласање пишува дека дивидендата ќе се исплати од акумулирана добивка остварена до крајот на 2008 година и дека ќе биде со бруто износ од 55,56 денари за акција. Ова значи дека, доколку нема акции кои се во сопствен откуп, компанијата ќе исплати 23 милиони денари односно околу 373.560 евра. Според официјалните податоци од Централниот регистар „Тетекс“ има само еден акционер што поседува над 5 отсто од акциите во компанијата, а тоа е Глигорие Гоговски, актуелен и долгогодишен дирекот на таа компанија кој поседува 12,54 отсто од акциите и за нив би добил околу 2,59 милиони денари односно околу 42.000 евра. Според податоците на ЦДХВ уште 1.281 домашно физичко лице кои поседуваат 81 отсто од акциите ќе поделат 16,77 милиони денари односно околу 272.300 евра. Остатокот ќе го поделат 31 домашно и странско правно лице кои заедно поседуваат околу 7 отсто од акциите во најпознатиот македонски текстилен комбинат. Од другите предложени точки на дневниот ред може да се види дека добивката на „Тетекс“ за 2014 година е планирана за да се распредели на следниов начин: 5 милиони денари да бидат резерви за инвестициски вложувања, 2,3 милиони денари да бидат во нераспределена добивка и уште 383.900 денари да останат во задолжителна резерва на компанијата. Значајно да се одбележи и тоа што компанијата годинава планира, со предлог одлука на собранието што претстои, да издвои пари за откуп на сопствени акции, опција која е дозволена со Законот за хартии од вредност. За таа намена, во предлог одлуката не пишува колку пари се издвоени, но е наведено дека ќе се купуваат акции во широка маргина во која минималната цена е 310 денари за акција, а максималната цена е 3.095 денари за акција.

Можеби ќе ве интересира

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години