29 Април, 2024
0.0281

Тешко се живее со џепарлак од 10 илјади фунти!

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во светот има многу разгалени деца, но дваесет и три годишната Џина Рио од Лондон, е на врвот на листата. Таа добива џепарлак од 10 000 фунти месечно џеб (16 300 американски долари) од својата мајка, има 300 пара чевли и сигурно е размазаното дете за кое сте слушнале последно време. Весникот Сан, кој пишуваше за неа неодамна, ја нарекува "најголемата размазена девојка во Велика Британија" и откако човек ќе го види нејзиниот начин на живот, едноставно мора да се согласи со ова тврдење. Еве некои интересни работи за Џина! Овие 16 300 долари џепарлак што Џина ги добива во моментов се само половина од она што го добивала пред нејзините родители да се разведат, нејзиниот татко редовно и давал повеќе од 32 000 долари месечно, додека таа не расипала односите со него, заради неговата нова жена. Во моментов Џина добива џепарлак само од својата мајка. Нејзиниот татко платил 16 300 долари за забавата по повод нејзиниот 16-и роденден. Таа има 300 пара дизајнерски чевли и 70 дизајнерски чанти, вклучувајќи торба  „Hermés“ за 32 500 долари. Таа троши 975 долари месечно за фризер и други 1 625 долари месечно за такси и за лични возачи. Во моментов живее во луксузниот лондонски хотел „The Savoy“, додека нејзината куќа се реновира. Кога ќе биде завршена, ќе има апартман кој ќе го зазема целиот последен кат, базен и кино. И покрај сериозниот месечен приход Џина Рио нема заштеди. Треба да се каже дека, сепак, заработува околу 3 250 долари месечно како стилист. Вози „Mercedes SLK“ кабриолет кој чини 49 000 долари. Нејзиниот пријател „EckSell“ кој е рапер, треба сам да ја плаќа сметката, кога Рио сака да излегува навечер. „Не можам да излегувам со некој што е сиромашен," вели таа за Сан. Еднаш двајцата потрошиле 25 000 долари за една вечер. Не е изненадување дека идол на Џина Рио е Тамара Еклстоун, ќерката на босот на Формула 1, Берни Еклстоун, која исто така е позната по распуштениот начин на живот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти