Тешко повреден геодет на работно место
Објавено во: Македонија 20 Април, 2018
Несреќа на работно место се случи во близина на македонско-бугарската граница каде геодет паднал додека работел во вдлабнатина и се здобил со тешки телесни повреди.
53-годишниот геодет В.З. од Делчево, вработен во Агенцијата за катастар и недвижности, додека извршувал работни задачи поради нерамен терен, стапнал во вдлабнатина и паднал.
Укажана му е прва помош од Итна медицинска помош, по што е пренесен и задржан во Медицински центар Струмица за понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот.