08 Мај, 2024
0.0230

ТЕШКО Е ДА СЕ ПРЕХРАНИШ: Македонија се најде во топ 10-те земји во светот со највисока реална инфлација во храна

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Во земјава очигледно станува се потешко да се прехранат граѓаните. Причина е превисоката инфлација, и тоа особено зголемување на цените и трошоците кај прехранбените производи. 

Всушност, извештај на Светска банка, насловен како Food Security, кој датира од средината на ноември годинава, покажува дека Македонија е на неславната листа на топ 10 земји во светот со највисока реална инфлација во храна, која всушност се пресметува како инфлација во храна минус вкупната инфлација. 

Од табелата може да се види дека Македонија се нашла на 10-то место во светот на земји кои имаат највисока реална инфлација во храна. 

Ша така, на оваа неславна листа први се нашле Зимбабве, со стапка од 52 отсто, а потоа е Либан со стапка од 46 проценти.

На третата позиција се нашла Иран, со 32 отсто, додека на четврто место е Шри Ланка со 20 проценти. Руанда е петта со 17 отсто, па следуваат Унгарија, Колумбија и Уганда со стапки од по 15 проценти на реална инфлација во храна. И деветтото и десеттото место го делат Турција и Македонија, со стапки од по 13 проценти.

Кога станува збор, пак, за номиналната инфлација во храна, Македонија не е на таа листа на првите десетмина. Рекордер е Зимбабве со стапка од 321 процент. 

Според нашиот Државен Завод за статистика, пак, во октомври зголемувањето на трошоците за живот за храна изнесувало фрапантни 32,4 отсто, што е многу повисоко од исто така драматично високата стапка на инфлација од 19,8 проценти. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката