Терористи планирале напади во Париз, кои локации биле мета?
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2016
Осомничените лица уапсени минатата недела во текот на истрагата за тероризам, планирале да извршат напади на 1 декември на важни и популарни места во и околу Париз, изјави извор близок до истрагата, пренесе Ројтерс.
Полициски извори велат дека меѓу целите биле бирото на француското контраразузнавање во париското предрагие Лаовлоа Пере, седиштето на француската криминалистичка полиција на „Ке дез Орфевар", како и зграда на Врховниот суд.
Меѓу целите биле и паркот „Дизниленд", кој се наоѓа на 32 километри источно од Париз, како и „Шанз Елизе".
Целите на приведените петмина мажи и датумот на планираниот напад биле утврдени благодарение на пронајдениот смартфон, изјавија полициски извори.