29 Април, 2024
0.0265

Тереза Меј му се налути на Трамп: Забраната за влез на муслимани во САД ќе удри врз Британците со двојно државјанство

Објавено во: Свет 29 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот на Велика Британија, Тереза ​​Меј се врати во својата земја среде политичка бура, откако стана јасно дека забраната на американскиот претседател Доналд Трамп против муслиманските посетители може да влијае на Британците со двојно државјанство, пишува весникот The Times.

Американскиот Стејт департмент потврди дека забраната може да влијае и на Британци кои имаат двојно државјанство во некоја од горенаведените земји.

„Имиграционата политика на САД е работа на владата на САД, така како имиграциската политика на нашата земја треба да биде утврдена од нашата влада. Но ние не се согласуваме со овој тип на пристап. Ако тој има влијание врз граѓани на Велика Британија, ние ќе интервенираме пред американската влада“, рече портпаролот на Даунинг стрит.

Пратеникот Надим Захауи од британската Конзервативна партија објави дека ограничувањата воведени од Трамп му пречат да ги посети САД. Пратеникот е роден во Ирак. „Тажен ден е затоа се чувствуваме како луѓе од втора категорија. Тажен ден и за САД!“, Додаде пратеникот.

Пратеник од Конзервативната партија Хеиди Ален пак напиша на Твитер: „Не ми е гајле колку специјални се односите, некои линии едноставно не треба да се сечат. Силното лидерство значи да не се плашиш да му кажеш на некој влијателен човек дека греши.“

Во петокот спроти сабота Трамп потпиша извршна наредба со која им забрани на сите седум претежно муслимански земји - Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен - да влезат во САД за 90 дена.

Дејството на наредбата беше привремено суспендирано за време на итно сослушување во Њујорк во раните утрински часови во неделата, откако адвокати од Американскиот сојуз за граѓански слободи внесоа петиција во судот.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација