19 Мај, 2024
0.0265

Температури до 40 степени, да се заштитат работниците

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Поради температури до 40 степени и топлотниот бран, цела Македонија денеска ќе биде во портокалова алертна фаза поради што на работниците им е потребна соодветна заштита.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека работодавачот, согласно Законот за безбедност и здравје при работа, е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците во услови на топлотен бран. Потребно е да се избегнува работа на отворено за време на најтоплиот период на денот од 11 до 17 часот или нејзино редуцирање.

ССМ препорачува посебна грижа да се води за работните места на отворен простор, односно за градежни работници, земјоделци, градинари, работници во сообраќај, работници кои изведуваат теренска работа, продавачи на отворени пазари, пожарникари, полицајци и слично.

Заштита е потребна и на работни места кои не се климатизирани и каде што има експозиција на високи температури и топлинско зрачење.

„Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес, кој се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на температурата на која е изложен на неговото работно место. Работодавачот не може да влијае на надворешните фактори како што се соларно зрачење, температура и влажност на воздухот, но може со соодветна примена на правилата на заштита на работа, во голема мерка да го избегне или намали ризикот од топлинскиот стрес“ - објаснија од ССМ.

Доктор специјалист по медицина на трудот, при вакви временски услови покрај редовните превентивни медицински прегледи, може да спроведе и вонредни прегледи на работници со понапредната возраст, работници со зголемена телесна тежина, бремени работнички, хронично болни.

Од ССМ и нагласуваат дека сите неопходни информации за заштита од топлотни бранови може да се добијат на бесплатниот с.о.с. број 02 / 32 21 902, секој работен ден од 10 до 18 часот.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа