ТЕКТОНСКИ ПРОМЕНИ НА ПОВИДОК: Ќе се спојат ли две големи банки?
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2018
Две големи банки кои доаѓаат од Италија и Франција Societe Generale и UniCredit, наводно планираат спојување во една банка која би била вредна неколку билиони евра! Ако навистина дојде до спојување, што може да очекуваат корисниците на овие банки?
Како што пренесува Financial Times, во тек е процес на спојување на познати банки, UniCredit од Италија и Societe Generale од Франција. Разговорите како што се пишува уште се во прелиминарна фаза, со тоа дека извори на ФТ наведуваат дека UniCredit е исклучително заинтересирана. Идејата за спојување најмногу ја застапува Жан Пјер Мустиер од UniCredit банка. Тој според ФТ веќе со месеци се обидува да ја реализира оваа амбициозна идеја. Официјален одговор немало од централата на UniCredit банка, туку само е прокоментирано дека банката има план да се трансформира следната година. Од друга страна, Societe Generale за Ројтерс одбил да ја коментира веста за спојување со UniCredit банка.
Што би се случило кога би се споиле Societe Generale и UniCredit
Иако уште нема официјални потврди, експертите пресметале дека новата банка би била вредна околу 2,5 билиони долари, кога се земaт предвид заемите.
Мустиер верува дека Societe Generale би бил идеален партнер за италијанската банка што би довело до јакнење на позицијата во Источна Европа.
Секако дека спојувањето би довело до поголеми вложувања и позиционирања на пазарот, што би довело и до поволни услови за земање кредити.