18 Мај, 2024
0.0521

Технома 2015 ги отвори вратите: Во фокусот промовирање и поттикнување на иновациите во Македонија

Објавено во: Економија, Мои пари 13 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Денеска во преполната прва хала на Скопски саем беше отворен 41-от Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита, ТЕХНОМА 2015, кој ќе се одржува од 13-ти до 17-ти октомври. Повеќе од 185 директни од кои 135 домашни и 50 странски учесници ќе се претстават на на Скопски саем, каде се очекува посета од повеќе од 25.000 посетители. Истовремено, за време на Технома ќе бидат отворени и 16-от Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35-та Меѓународна изложба на иновации, Макинова. Домашните и странските компании ќе ги претстават своите најнови технолошки достигнувања, каки и проектите за енергетска ефикасност и иновации.

Оваа година во фокусот на Технома 2015 ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и LED технологиите.

Оваа меѓународна саемска манифестација која од година во година е се подобра секогаш му е потребна на стопанството. Потврда на меѓународниот карактер на Технома се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот. На Технома 2015 ќе учестуваат компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван (Taiwan External Trade Development Council) и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија (Taiwan Trade Center Sofia). ТАИТРА нуди кориснички услуги за промоција на производи и услуги, развој на пазарот, пронаоѓање на производи/снабдувачи, изложби/средби, поврзувања на бизниси и инвестиции. Исто така на Технома 2015 ќе се претстават и повеќе фирми од Унгарија и Австрија. Технома 2015 ќе се простира на 3 хали во кои ќе се преставуваат фирмите, во 4-та хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации и технолошки развој. Во 4-та хала се и стручните факултети со постер презентации на иновативните методи. Нивната идеја е да се поврзат компаниите со образованието и да се најде интерес за заедничко аплицирање за проекти во фондот. Во рамките на „Форумот за иновации и технологии“ организиран во соработка со Фондот за иновации и Скопски саем, секој ден ќе се одржуваат работилници на различни теми, истакнаa од Скопски Саем.

Секој ден од 11 до 18 часот на Форумот за иновации и технологии се предвидени активности и сите оние кои се заинтересирани имаат шанса да дојдат да се информираат, меѓутоа и да најдат потенцијални партнери за аплицирање за средства до Фондот за иновации и технолошки развој.  Работилниците пак ќе бидат секој ден на различни теми: „Финансирање на иновации“, „Соработка на развој на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа