02 Мај, 2024
0.0261

ТЕ-ТО АД се раздолжи со државата, исплатила повеќе од милијарда денари

Објавено во: Економија 06 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Термоелектраната ТЕ-ТО АД во ревидираниот финансиски извештај од независен ревизор објави дека го исплатила долгот кон државата за повеќе од милијарда денари, откако претходно долго време се наоѓаше на листата на најголеми должници кон Управата за јавни приходи.

Владата минатата година во форма на државна помош првично му даде можност на ТЕ-ТО АД за одложено плаќање на долгот за девет години, но се предомисли околу Нова Година и испрати „ултиматум“ за неодложно плаќање со раскинување на договорот. „ТЕ-ТО“ од август минатата година беше на врвот на црната листа на неплаќачи на УЈП. Тогаш имаше неплатен данок на добивка од 15,9 милиони евра

„Долгот за данокот на добивка по даночен биланс за 2018 година заедно со пресметаните камати е целосно подмирен во март и април 2021 година со сопствени средства во износ од 214.207.946,00 денари, главен долг и 227.408.345,00 денари на име камати, а останатиот износ е обезбеден преку кредит од Комерцијална Банка во износ од 615.000.000,00 денари“, се вели во ревизорскиот извештај.

Когенеративната централа која од природен гас ја санбдува земјата со електрична енергија и со топлинска енергија за парно-греење последен пат се најде на листата-должници на УЈП за неплатен долг до 31 март.

Владата пред осум месеци одлучи еднострано да го раскине договорот за државна помош за Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, се додека не се создадат правни услови за ова помош, соопшти Владата без да се прецизира какви се тие правни услови.

„Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од раскинување на Договорот за доделување на државна помош, и на Анексот на Договорот за доделување државна помош, склучени помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ, и донесе Одлука за едностран раскин на овие договори заради фактот дека не се постигна согласност за создавање правна основа за оваа државна помош“, соопшти Владата.

Оттаму информираа и дека согласно со одлуката, „ТЕ-ТО“ е должен да си го плати данокот што го должи кон државата, и дека ако постои законска рамка и можност, ќе се дозволи плаќање на рати.

Даночната обврска на ТЕ-ТО чие плаќање беше одложено беше по основ на данок на добивка, обврска која де факто не постоеше, односно не е реализирана во компанијата, туку е настаната фиктивно по основ на отпишани обврски врз основа на Планот за реорганизација, одобрен и усвоен со судска одлука од 2018 година. Лани од Владата велеа дека имајќи го предвид фактот дека во моментов ТЕ-ТО АД Скопје има финансиски потешкотии, практично не е во можност да го плати таквиот данок на добивка, која добивка реално и не постои, евентуалното пристапување кон присилна наплата на тој данок на добивка, не само што ќе ја оневозможи реорганизацијата на компанијата, туку сосема извесно е дека ќе доведе до отворање на стечајна постапка над истата и пропаѓање на Планот за реорганизација, потег што предизвика многу нејаснотии и реакции, особено што тогаш компанијата беш и под истрага за лажен стечај.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?