04 Мај, 2024
0.0262

Тасева: Во преговорите со ЕУ ќе мора да се знаат вистинските сопственици на компаниите и ќе има оставки

Објавено во: Економија 28 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Професорката и експерт за борба против корупција Слаѓана Тасева тврди дека во моментот кога Македонија ќе почне да преговара за членство во ЕУ по директивите за “перење пари” и финансирање тероризам во Македонија, ќe мора да има оставки на високи позиции во Владата, како што вели таа, бидејќи во преговорите со Унијата се бара да се дознаат вистинските сопственици на компаниите. 

“Ајде да видиме, сега новиот закон за спречување перење на пари и финансирање на тероризам ги обврзува сите финансиски институции да ги идентификуваат вистинските сопственици на компаниите. Треба да има регистар на вистинските сопственици. Ова се само дел од Директивите на ЕУ. Кога овие преговори ќе почнат се ќе се знае. И ќе има оставки”, вели Тасева.

Таа го критикуваше и одговорот на премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање дека немало кадар и затоа не барал оставки од инволвираните функционери директно и индиректно поврзани со претпријатија кои добија  грантови од Фондот за иновации.

 “Ама што ќе правиме за кадар. Јас постојано тврдам дека Македонија има капацитет ама бев денантирана од највисоко место. Нема полошо од тоа премиер сам да тврди дека нема (други) компетентни освен тие што се со него. Ние треба да им веруваме иако фактите зборуваат поинаку. Како и во овој текст на Владо Апостолов“, посочува Тасева.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?