18 Мај, 2024
0.0315

Талески: Санкции од ЕУ за оние кои не даваат СДСМ и мнозинството да изберат претседател на Собранието

Објавено во: Македонија 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Членот на Советничката група за европска политика Дане Талески смета дека на јасното парламентарно мнозинство, кое го обезбедила СДСМ, би требало да му биде дозволено без понатамошно одложување да избере претседавач во парламентот, а во спротивно предлага воведување на санкции за поединци во Македонија.

Во соопштението кое го пренесува „European vestern Balkans“ Талески наведува дека делата на претседателот Ѓорге Иванов се „срамни, неприфатливи и противуставни“- Иванов, имено повеќепати досега одби да му го даде мандатот за формирање на нова влада на опозицискиот лидер Заев бидејќи смета дека подлегнал на уцените на албанските партии и ја прифатил нивната платформа која го загрозува интегритетот и суверенитетот на Македонија.

Според Талески, примарната одговорност на избраните претставници и политички лидери во земјава е да делуваат во согласност со демократските стандарди, Уставните и правни норми, здрав разум со цел завршување на кризата и спречување на ескалации и нестабилност. Тој понатаму тврди дека, бидејќи тука е јасно парламентарното мнозинство , „би требало да и биде дозволено без понатамошно одложување да изберат претседавач во парламентот“.

Што се однесува до идните чекори на ЕУ, Талески верува дека „политичката поддршка за враќање на демократијата и владеење на правото“ може да помогне. Тој го опишува тоа како „меките“ мерки, шти би значело да Европа, можеби и со сила, го присили Иванов да му го предаде мандатот на Заев, а Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ да им наложи да престанат со собраниската блокада.

Талески во соопштението предлага и „тврди“ мерки, или умерени санкции кон поединци кои ја деградираат демократијата во Македонија и водат кон авторитарна држава во рамки на ограничувачки патувања и одземање на средства.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување