15 Мај, 2024
0.0335

Таксист вратил ташна со милион долари

Објавено во: Стил 21 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Пар од Сингапур откако се вратл од одмор си ја заборавил својата црна торба на задното седиште од такси возилото. Еден таксист од Сингапур неодамна ја изненадил јавноста кога во своето возило пронашол 1,1 милион сингапурски долари (898.000 американски долари) и ги вратил. Впрочем, парот кој бил на одмор и се враќал во својот дом со таксистот Тиан заборавиле една од торбите во која се наоѓале околу 900 илјади долари. -Кога ги здогледав парите си помислив-еве ти неволја. Бев сигурен дека во торбата има најмалку 200 илјади долари, рекол таксист, кој веднаш ја пријавил торбата во одделот за изгубени предмети по што неговите колеги останале шокирани. -Парите ми се небитни. Тие не ми припаѓаат на мене. Како би ги искористил јас туѓите пари?, додал Тиан. Парот ја исконтактирал такси службата и ги добил назад своите пари. Тие го наградиле поштениот таксист кој едвај ја примил паричната награда.