18 Мај, 2024
0.0310

Тахири контра Николиќ - Ако Србија ги прекине преговорите со Косово самата ќе си наштети

Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Косовската министерка одговорна за дијалогот со Србија, Едита Тахири, реагираше на изјавата  на срскиот претседател Томислав Николиќ, во која тој вели дека во случај  Косово да стане членка на УНЕСКО, тој ќе предложи прекин на дијалогот во Брисел меѓу Белград и Приштина.

Во реакциата таа му порачува на Николиќ дека доколку тоа се оствари Србија ќе си нанесе штета на себе бидејќи веднаш би и бил блокиран патот кон Европска Унија.

- Доколку Србија смета да ги прекине преговорите во Брисел, по зачленувањето на Косово во УНЕСКО, тогаш самата себе си ќе ги го стопира патот кон ЕУ. Тоа за Николиќ не е проблем, бидејќи сето она што го гледа е Русија, зашто има еден назаден поглед на надворешната политика, истакна Тахири.

Според неа, на Србија треба да се гледа со внимателност и тогаш  ќе се разјасни дали навистина ја сакаат европската интеграција, за која еден од клучните услови е дијалогот во Брисел за добрососедски односи.

Српскиот претседател оцени дека е незамисливо „така нареченото Косово да биде во УНЕСКО без преговори во Брисел“.

- Незамисливо е така нареченото Косово да биде во УНЕСКО без преговори во Брисел. Во случај на таков резултат од гласањето во Генералното собрание на УНЕСКО, ќе предложам да ги прекинеме разговорите со Приштина, а на својот народ да му помогнеме и овозможиме да живее подобро од сега, и на Косово и Метохија, и во останатиот дел на Србија, изјави Николиќ за весникот „Политика“.

Според него, лицемерно е од некои држави да инсистираат на дијалог меѓу Белград и Приштина, кој треба да доведе до конечно решение, а истовремено да вршат притисок врз сите држави кои не ја признале независноста да го направат тоа, а дотогаш да му овозможат членство на Косово во меѓународните организации.

Николиќ, исто така, оцени и дека промените по изборите во САД влеваат надеж дека сепак дел од правдата и меѓународното право ќе пристигнат и во Србија.


Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!