Тачи се попишмани: По притисокот од САД нема создавање на армија
Објавено во: Балкан 08 Април, 2017
Претседателот на Косово, Хашим Тачи во петокот подлегнa на притисокот од страна на традиционалните сојузници на земјата - Соединетите Американски Држави и НАТО, отфрлајќи ги плановите за создавање на косовска армија, пренесува радио Voice of America.
На создавањето на предметната армија силно се спротивстави српското малцинство во Косово. Речиси две децении по косовската војна односите меѓу Србија и претежно етничкото албанско мнозинство во Приштина остануваат затегнати. Србија продолжува да ја смета земјата Косово, која прогласи независност во 2008 година, за отцепена провинција.
Минатиот месец косовскиот претседател откри начин да ја заобиколи српската опозиција во парламент за уставни измени потребни за армија, предвидувајќи промени во постојниот закон за Косовските безбедносни сили (КБС).
Предметните промени сакаа да и дозволат на КБС да дејствува со тешко оружје. Тоа практично ќе ги претвори во воена сила.