19 Мај, 2024
0.0297

СЗО ЗА МАКЕДОНИЈА: Нема широка трансмисија на вирусот, Македонија е во фаза 1

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Продложува трендот на опаѓање на епидемиолошката крива во Македонија. Во моментов земјава според критериумите на Светската здравствена организација е во фаза 1, односно се регистрираат само спорадични случаи на новозаразени на дневно ниво. Процентот на позитивност се движи од 0,3% до 1,1%, просечно 0,6%., а во 15 региони, изминатава недела инциденцата е 0 на 100.000 жители.

Од Министерството за здравство за Фактор потврдуваат дека периодов епидемиолошкото ширење на вирусот се заменува со спорадични случаи, но тоа значи дека и понатаму треба состојбата да се следи внимателно, бидејќи, како што нагласуваат, таквите спорадични случаи може потенцијално да станат јадра или жаришта на кластери.

- Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека Република Северна Македонија е во фаза 1 (регистрирани спорадични случаи), подниво 1, со соодветни капацитети за одговор. Иако периодов епидемиолошкото ширење на вирусот се заменува со спорадични случаи сепак кај нас, се уште има активни случаи, како и нови позитивни случаи. Таквите спорадични случаи може потенцијално да станат јадра или жаришта на кластери. Дополнително и во земјите од регионот има позитивни и активни случаи на Ковид 19. Се додека потенцијално се заканува можен удар од вирусот треба да се придржуваме кон мерките за заштита. СЗО се уште нема прогласено престанок на пандемијата, посочуваат за Фактор од Министерството за здравство.

Според епидемиолозите, спорадичните случаи на новозаразени, практично значат дека Македонија сега е во фазата на ендемија, што значи дека станува збор за постојано присуство на одредена болест или зараза во ограничен географски регион, каде постојат услови за постојано пренесување на заразата. Најчесто, популацијата која е зафатена од ендемијата развива колективен имунитет, но за дојденец истите зарази можат да бидат фатални.

Во однос на прашањето колку сме блиску до постигнување колективен имунитет, од Министерството за здравство истакнуваат дека тоа може да се случи кон крајот на летото, и доколку продолжи ваквиот тренд во Македонија, не гледаат причина зошто не би започнала новата учебна година со физичко присуство.

-Проценка на Национална комисија за имунизција е дека некаде до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет, имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја. Ставот на СЗО и на нашата Национална комисија за имунизција е дека засега децата не се во приоритените групи за вакцинација, а како што најави министерот, пред две недели, во текот на следните месеци ќе се прават анализи и за можно вакцинирање на децата од 12 до 16. Доколку се задржи вака епидемиолошката состојба во земјава, нема зошто да не започне настава со физичко присуство. За старт на новата учебна година се подготвуваат посебни протоколи како би се одвивала наставата, одговараат од Министерството за здравство.

Ваквата поволна епидемиолошка состојба во Македонија придонесе од вчера Европската Унија да ја врати земјава на листата безбедни земји заедно со Србија и Албанија од Западен Балкан, а претходно, Германија ја тргна од т.н. „црвена листа“, која значеше земји со висок ризик на зараза со корона вирусот. За да се обезбеди статус на безбедна земја, една земја мора да регистрира најмногу 75 позитивни случаи на 100 илјади жители, во последните 14 дена.

Сепак, според критериумите на Светската здравствена организација, за да се прогласи крај на епидемијата на Ковид-19, не смее да се појави ниту еден заразен и тоа во период од 28 дена. Тоа се всушност два инкубациски периоди на вирусот од по 14 дена.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама