14 Мај, 2024
0.0242

Светските брендови на Reckitt Benckiser за новогодишните празници ве наградуваат

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Реномираната компанија Меркур Трејд за сите купувачи на брендовите од светската компанија Reckitt Benckiser организира наградна игра. За секое купување на некои од производите на Reckitt Benckiser, само во супермаркетите Веро во вредност од минимум 350 денари, купувачите ќе добијат купон со којшто имаат право да учествуваат во играта.

Купонот се пополнува со лични податоци и бројот на фискалната сметка, по што се става во обележаните кутии. По уредно пополнување на купонот, фискалната сметка треба да се чува и понатаму и да се приложи во случај на добивка. Правилата на играта се однесуваат на брендовите од дистрибутивната програма на Меркур Трејд, Finish, Harpic, Vanish, Woolite, Veet, Air Wick, Durex, Cillit Bang, Calgon, Quanto, Vitro Clen, Dettol и Dr Scholl

„Наградна игра ја организираме со цел нашите потрошувачи да ги изненадиме и да ги наградиме за новогодишните празници. Наградниот фонд за добитниците се пет машини за садови, две машини за перење облека, 15 ваучери по 1.200 денари, 30 ваучери по 600 денари. Им посакуваме среќа на сите и ги очекуваме на 5-ти јануари во Веро 2 Тафталиџе на главното извлекување“, велат од Меркур Трејд.

Сите производи од наградната игра се достапни во сите маркети на Веро и ќе трае заклучно со 3ти јануари. Вработените во Веро маркетите и Меркур Трејд, како и потесниот круг на нивното семејство немаат право на наградната игра.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН