25 Април, 2024
0.1479

СВЕТСКИОТ БРОЈАЧ НЕ ЗАСТАНУВА: 15.000 починати и над 350.000 заразени со коронавирусот

Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Од минута во минута расте бројот на заболени од коронавирусот. Светскиот бројач, во моментов покажува 351. 530 инфицирани, а поразителен е и бројот на починати на глобално ниво, досега 15.361.

На европското тло, кое во моментов е жариште на пандемијата, најсмртоносниот ден го доживеа Шпанија. Во последните 24 часа, таму има 462 починати луѓе. Шпанското минитерство за здравство информира дека во земјата се регистрирани 33.089 заразени, што е дури за 4.517 повеќе во однос на вчерашниот ден. Најсериозно е се уште во Италија, земјата која во моментов е епицентарот на Ковид-19. Бројот на заразени тами се приближува кон 60.000, 5.476 лица починале, но загрижува бројот на луѓето кои се во критична состојба. Здравствените власти во Италија велат дека дури 3000 пациенти се во тешка здравствена состојба.

На Балканот, пикот се очекува во текот на следниот месец, но здравствените власти секаде воведуваат драстични мерки. Полицискиот час во Србија, наместо од 20 до 5 часот, ќе трае од 17 до 5 часот. Ако има потреба и граѓаните не бидат послушни, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе има уште поголемо зголемување на полицискиот час, па единствениот период од денот кога ќе можат да се движат Србите надвор ќе биде од 7 до 13 часот. Од понеделник, според најавите, Србија ќе го пренамени Белградскиот саем во привремена болница и во него ќе бидат наместени 3.000 кревети.

Во Албанија веќе стапи во сила ограничување на движењето на луѓето во согласност со мерките на Владата. Премиерот Еди Рама изјави дека од сабота во 13 часот до понеделник, не смее никој да биде на улица освен војската.
Припадници на албанската армија се ангажирани да го спречат честото движење на луѓето низ улиците во главниот град Тирана, која е главното жариште на коронавирусот во земјата.


Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму