05 Мај, 2024
0.0234

СВЕТСКИ АВТОМОБИЛ ЗА 2017 ГОДИНА

Објавено во: Мои пари 18 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Жирито од 72 автомобилски новинари од 24 земји одлучи - F-PACE ги доби наградите за Светски автомобил на годината за 2017 и Светски автомобилски дизајн на годината за 2017. F-PACE е второ возило кое досега успеало да ја освои оваа двојна победа, а со овој успех глобалната листа на награди се зголеми на 34. Значи, ако сте во потрага по луксузен и перформансен SUV кој ги привлекува погледите со своето присуство - не барајте подалеку од Jaguar F-PACE.

F- PACE најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar ги соединува спортското управување и драматичната убавина со секојдневната практичност и ефикасност.

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 126 со рачен менувач
Од 134 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,8 со рачна трансмисија
Од 5,1 со автоматска трансмисија

F-PACE е перформансен SUV коjшто ги комбинира максимално возбудливото возење и економичноста. Технолошки напреден до сржта, F-PACE се грижи за вашата безбедност, поврзливост и забава. Способен е за секаков пат и има капацитет за секој ден. F-PACE е Jaguar за вас, Jaguar за вашето семејство.

ДНК НА СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ

Инспириран од F-TYPE, новиот Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто има ДНК на спортски автомобил. Од испакнатата хауба до нагласените задни крила, неговиот моќен изглед го прави исклучителен и ги привлекува погледите кога е на пат. F-PACE повторно ја открива енергијата, јакоста и чистата форма на F-TYPE.

МОЌНОСТ И ЕФИКАСНОСТ

Истражете ја проширената лепеза од мотори на F-PACE. Во неа се вклучени новиот 2.0-литарски 4-цилиндричен 250PS бензински мотор со турбо полнач, 3.0-литарски V6 380PS бензински мотор со компресор и ефикасниот 2.0-литарски 4-цилиндричен 163PS дизел мотор со турбо полнач, кој може да ја симне потрошувачката на 4,6l/100km а емисијата на CO2 во комбиниран циклус е од 122g/km.*

*Потрошувачката на гориво/емисијата на издувни гасови ќе се менува во зависност од димензијата на пневматиците.

ПРАКТИЧНОСТ И ПРОСТРАНОСТ

F-PACE има багажен простор со капацитет од 650 литри* што е водечки во класата и прилагодлива конфигурација со соборување на задните седишта во однос 40:20:40.

*Простор под полицата и кога возилото е опремено со систем за поправка на пневматици. 508 литри кога возилото е опремено со тенко резервно тркало. 463 литри кога возилото е опремено со резервно тркало со нормална димензија.

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Во F-PACE ја имате најсовремената технологија, како што се Head-up дисплеј и Клуч за активирање, како и напредните системи за помош на возачот коишто секое патување ќе го направат полесно и порелаксирано. Тука спаѓа и напредниот мултимедијален систем InControl, кој се грижи за вашата забава и ви гарантира дека секогаш сте поврзани со надворешниот свет.

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО F-PACE ГИ ВОЗБУДУВА СЕТИЛАТА

Кога сензационални перформанси се среќаваат со драматичен изглед, тогаш резултатот е чиста возбуда. На тоа додадете ја секојдневната практичност и го имате целосно новиот F-PACE, SUV возилото на Jaguar.

ЦЕЛОСНО НОВИОТ F-PACE ЗА БИЗНИС

Целосно новиот F-PACE на возачите им нуди комбинација од секојдневна практичност, имперсивна ефикасност и карактеристичен, спортски стил.

Технологијата на F-PACE за мал коефициент на триење, каросеријата со мала тежина и иновативната аеродинамика се грижат да се добие мала емисија на CO2 и исклучителна горивна економичност - сето ова придонесува за ниски вкупни трошоци за поседување и одржување на возилото.

Кога на тоа ќе го додадете сиот простор што ви треба за секој аспект од вашиот професионален и приватен живот, целосно новиот F-PACE е совршено надополнување за секој возен парк.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото