18 Мај, 2024
0.0332

Светската бизнис и политичка елита се собира во Давос

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Економската обнова на државите, се поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните и кризата во Украина се очекува да доминираат на Светскиот економски форум што започнува денеска во Давос. На 44-та средба на светските лидери ќе се разговара и за климатските промени и за судирот во Сирија. Во Давос се очекуваат повеќе од 40 шефови на влади меѓу кои и австралискиот премиер Тони Абот кој претседава со Г-20, бразилската претседателка Дилма Русеф како и британскиот и јапонскиот премиер Дејвид Камерон и Шинѕо Абе. Меѓу 2.500 учесници на форумот од сто држави се и економски експерти, добитници на Нобелова награда и претставници од синдикати и невладини организации. За безбедноста на учесниците во форумот ќе се грижат околу 3.000 војници.

Форумот во Давос се организира од 1971 и најчесто се нарекува „лабораторија на идеи“ на која се разговара за важни прашања кои се однесуваат за иднината на светот.

Истовремено, овој форум се опишува и како „независна меѓународна организација посветена на унапредување на состојбите во светот која повикувајќи политички, научни и останати личности од општества, помагаат за обликување на глобалните, регионалните и економските агенди“. Во Давос присуството е возможно само со повик од организаторот.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков