13 Јули, 2020
0.0313

СВЕТСКА БАНКА ПРЕДУПРЕДУВА - Олабавувањето на мерките нагло ќе го зголеми бројот на заболени

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020

Дури и со агресивни мерки за социјално дистанцирање, здравствените системи на Западен Балкан се принудени да се подготват за стрмно зголемување на бројот на случаи заразени од КОВИД-19, пишува Светска банка во својот најнов извештај објавен денеска, а кој се однесува на економското и социјалното влијание на коронавирусот врз земјите од регионот.

Во својот најнов извештај за Западен балкан, светските банкари кажуваат дека дури и во земјава да се заразат 25 отсто од населението, што е најдоброто сценарио, ќе ни требаат за осум пати повеќе единици за интензивна нега, од оние што ги имаме сега.  

„Првиот случај со КОВИД-19 беше потврден на 26 февруари, 2020 година. До 12 април, бројот на потврдени случаи достигна 828, зголемување од 68 случаи во однос на претходниот ден (8,9 проценти), 34 луѓе починаа и 41 луѓе оздравеа. Од потврдените случаи, 117 (14,1 проценти) беа здравствени работници. Предмет на моделот беше потенцијалното влијание на 3 сценарија на проширувањето на заразата помеѓу населението (25, 50 и 80 проценти) за да се процени влијанието врз единиците за интензивна нега. Дури и ако се заразат само 25 проценти од целокупното население и доколку се спроведе цел опсег на мерки за социјално дистанцирање, капацитетот на единиците за интензивна нега потребен за лекување на тешките случаи го надминува сегашниот капацитет за 8 пати“, се вели во најновиот извештај на Светска банка. 

Ограничувањата на движењето потребно за сузбивање на епидемијата и заштита на здравјето и здравствените системи имаа значително влијание во фазата „чекан“. До 20 мај, во регионот се потврдени 17.152 заразени случаи и 543 смртни случаи. Меѓутоа, проблемите при откривањето на случаите и тестирањата укажуваат дека бројките можеби се уште поголеми. 

Ширум регионот, владите воведоа вонредни состојби и мерки за ограничување на движењето кои придонесоа за олеснување на непосредното оптоварување на здравствените системи. 

„Обидите за олабавување на мерките брзо веројатно ќе доведат до повторно нагло зголемување на бројот на заразени и втор бран на ширење на заразата, a здравствените системи ќе треба да се подготват како за краткорочен, така и за среднорочен одговор“, се вели во извештајот на Светска банка. 

Натаму, се наведува дека краткорочните и среднорочните недостатоци на опрема се преточуваат во дополнителна побарувачка и ризик за лекарите и здравствените работници, кои се под висок ризик да станат пациенти со КОВИД-19. За здравствените работници, со несоодветен пристап до опрема за лична заштита, секојдневните задачи стануваат многу посложени и поризични. 

Ентела Коловани, лекар за инфективни болести во Тирана која лекува пациенти од 9 март, за Светска банка го објаснила стресот со кој се соочуваат здравствените работници.

„Лекувањето на пациенти со КОВИД-19 е многу тешко, секој од нив има свои потреби. Ние се справуваме не само со вирусот, туку и со психолошкото влијание кое го има врз пациентите. Тие се целосно изолирани од нивните семејства и треба да останеме што е можно поблиску до нив“, рекла лекарката. 

Миграцијата и недостатоците на работната сила исто така ги прават здравствените системи ранливи во услови на пандемија. Веќе неколку децении иселувањето на здравствените работници претставува сѐ поголем предизвик. Во 2013 година, Албанија имаше 128 лекари на 100.000 луѓе, во 2014 година Црна Гора имаше 234 на 100.000, а Северна Македонија 280. Просекот на Европската Унија за 2014 година беше 369 на 100.000, пишува во извештајот. 

За сите пет земји, најниските резултати се однесуваат на капацитетот на здравствениот систем, кој предвидува фактори како што се: здравствен капацитет во клиниките, болниците и центрите за грижа во заедниците, медицински контрамерки и распределба на вработени, пристап го здравствена заштита, комуникација помеѓу здравствените работници во услови на итна јавно здравствена состојба и практики и достапност на опрема за контрола на инфекциите. 

„На пример, Северна Македонија имаше најслаб резултат во однос на подготвеноста на здравствениот систем: 25,4. На сличен начин заедничкото надворешно оценување за 2019 година за Северна Македонија утврди слабости во смисла финансирање на итниот одговор, подготвеноста на здравствената работна сила и комуникација на ризиците. Овие резултати ги потенцираат ограничувањата на здравствените системи во Западен Балкан“, се вели во извештајот на Светска банка. 

Глобално, КОВИД-19 непропорционално ги погодува постарите, а со својот особено тежок товар на незаразни болести, Западен Балкан е особено ранлив. Генерално се смета дека болеста најчесто предизвикува тешко респираторно заболување, поради што е неопходна интензивна нега или хоспитализација, кај постарите пациенти и оние со други здравствени заболувања. Во просек 14 проценти од населението во Западен Балкан е постаро од 65 години. Групите со висок ризик се оние со потиснат имунитет, кои страдаат од респираторни заболувања, се постари од 70 години, имаат конкретни видови на рак и имаат тешки респираторни состојби или метаболички нарушувања, се бремени, односно имаат сериозна конгенитална срцева болест. Пушењето е најзастапено во Црна Гора и Србија. Во Северна Македонија 35 проценти од мажите и 27 проценти од жените се пушачи. Во Србија, 37,9 проценти од мажите и 31,6 проценти од жените се пушачи. 15. 

Освен тоа, во Србија, БИХ, Северна Македонија и Црна Гора, повеќе од 8 од најчестите 10 причини за прерана смрт се коморбидитети за КОВИД-19. Типичните причини се рак и срцева болест, што одразува епидемиолошки профил кој што е особено ранлив на КОВИД -19.

Со нарушувањето на глобалните пазари и досега невидената природа на КОВИД-19, непосредните финансиски потреби на ширењето на заразата на КОВИД-10 во Западен Балкан се сериозни. 

Во првите неколку недели на проширување на заразата, од есенцијално значење беше зголемувањето на откривањето на случаите, следењето на контактите и пријавувањето. Сега, откако водачите на здравствените системи треба да управуваат со ширењето на заразата во рамките на заедниците, опсегот на задачи кои треба да ги извршуваат истовремено се застрашувачки. Тука се вклучува: обука и опремување на здравствени работници во директен контакт со пациентите, пренамена на објектите, реновирање на единиците за интензивна нега и болничките установи, како и комуникација за ризиците по јавното здравје за да се ублажат стравовите и граѓаните да бидат соодветно информирани. 

Светските банкари велат дека здравствените системи се мачат да обезбедат есенцијална опрема во услови на брзи промени на социјалните, економските и политичките опкружувања. Еден веднаш видлив проблем е зголемувањата на цените. 

„Во нормални услови, трошокот за едно легло на интензивна нега е околу 30.000 долари. Меѓутоа, со наглото зголемување на глобалната побарувачката и зголемување на цените, обезбедувањето на материјали се претвори во жестока трка. Земјите во регионот посегнаа кон меѓународната дипломатија за обезбедување на материјалите, преку билатерални и мултилатерални односи. Европската Комисија најави пакет од 38 милиони евра непосредна помош, главно на медицинска опрема и заштита“, пишува во најновиот извештај.

„Северна Македонија, како и другите земји, презеде итни мерки за задоволување на потребите од опрема, а нејзината комисија за заразни болести ги стандардизираше спецификациите за опремата за лична заштита во согласност со препораките на СЗО и сите установи за здравствена заштита ширум земјата. Во април, Северна Македонија доби донации и поддршка од повеќе донатори, на пример СЗО обезбеди 5.000 тестови на КОВИД и Чешката Република донираше 1 милион маски“, се нагласува во извештајот.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПАЦИЕНТИТЕ НА 42 И 46 ГОДИНИ ШТО ПОЧИНАА ИМАЛЕ И ДРУГИ БОЛЕСТИ, за респираторите се покажало дека повеќе успех дава третманот со кислород

ПАЦИЕНТИТЕ НА 42 И 46 ГОДИНИ ШТО ПОЧИНАА ИМАЛЕ И ДРУГИ БОЛЕСТИ, за респираторите се покажало дека повеќе успех дава третманот со кислород

Д-р Мела од Дебар: Неиздржливо е, а цел град беше на дебарско езеро и по кафулиња

Д-р Мела од Дебар: Неиздржливо е, а цел град беше на дебарско езеро и по кафулиња

КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Не е одобрено одржувањето на Галичка свадба, најголем проблем направија свадбите

КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Не е одобрено одржувањето на Галичка свадба, најголем проблем направија свадбите

(ФОТО) НА РАБОТНА ЗАДАЧА - Сопругата на претседателот, Ѓорѓиевска, ја подигна заштитната опрема за гласање на болните од КОВИД-19

(ФОТО) НА РАБОТНА ЗАДАЧА - Сопругата на претседателот, Ѓорѓиевска, ја подигна заштитната опрема за гласање на болните од КОВИД-19

Д-р Лазаров: Ќе има нови карантински мерки

Д-р Лазаров: Ќе има нови карантински мерки

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ МИГРАНТИ - возачот побегнал од местото на несреќата

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ МИГРАНТИ - возачот побегнал од местото на несреќата

ГЛАСААТ ЛИЦАТА КОИ СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД: Посебни изборни одбори со заштитна опрема го спроведуваат процесот

ГЛАСААТ ЛИЦАТА КОИ СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД: Посебни изборни одбори со заштитна опрема го спроведуваат процесот

Ангела доби 19 години затвор за убиството на Пино

Ангела доби 19 години затвор за убиството на Пино

НАУЧИЛ МАЛКУ УНГАРСКИ, СО ОРБАН СЕ СРЕТНАЛ САМО ЕДНАШ - Груевски даде интервју

НАУЧИЛ МАЛКУ УНГАРСКИ, СО ОРБАН СЕ СРЕТНАЛ САМО ЕДНАШ - Груевски даде интервју