Сведок: Со мои раце извадив 4 мртви тела од несреќата кај Карпалак
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019
Бројни сведоштва на луѓе кои ги раскажуваат трагичните детали од несреќата која во смрт однесе 14 животи. Според последните информации само двајца се наоѓаат во критична состојба кои се сместени на Ургентниот центар и лекарите се борат за нвните животи.
Трудницата која официјално потврдија дека има 28 години е во стабилна состојба. Денес и утре, 14 и 15 февруари се прогласени за денови на жалост во Македонија, додека Гостивар ќе тажи три дена.
На социјалната мрежа Твитер, сведок раскажува како со свои раце извадил мртви тела од автобусот кој летна во провалија.
„Со мои раце извадив 4 мртви тела и 2 повредени од несреќата кај Карпалак. Во такви моменти не размислуваш дали е Албанец, Македонец, Ром, во такви моменти човек се покажува колку е човек...“
Сочувство до семејствата на загинатите .