09 Мај, 2024
0.0264

Сугарески: Камионџиите да спијат во кабините

Објавено во: Економија 17 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски, ги објави забраните и препораките за македонските возачи на камиони и други товарни возила заради лична и колективна заштита додека патуваат низ земјите со среден и висок ризик на Ковид – 19.

Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет. Се забранува контакт со други лица. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа: ракавици за еднократна употреба, заштитни маски N 95 или FFР 3 со единечен филтер, додека нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни ночари и каљачи

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на Ковид– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува тие да спијат во кабините на своите моторни возила.

„При враќање во РСМ се замолуваат да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симтоматологија“, објави Сугарески.

За време на патувањето се препорачува после секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете, максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 секунди (особено со лица со симптоми), почесто проветрување на кабината за време на возењето, да не носат лична заштитна опрема, да не превземаат автостопери, задолжително да имаат обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето

„Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји“, додава Сугарески.

Од денеска сите гранични премини на земјава се затворени. Одлуката синоќа ја донесе Владата, по што министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Никола Димитров информираа дека копнените граници кон соседите се затвораат за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.

-Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство, изјави министерот Филипче.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување