Суџубаши смета дека со ЕУ и НАТО ќе и тргне на Македонија
Објавено во: Економија 06 Септември, 2018
Со ЕУ и НАТО на Македонија ќе и тргне, смета главниот извршен директор на Халк банка, д-р Билал Суџубаши.
Тој во интервју за Фактор вели дека најстабилен банкарски сектор има Македонија.
Тој посочува дека тоа се базира на адекватноста на капиталот на банките, но и на нивото на нефункционални кредити што е на историско најниско ниво.
„Мислам дека големо влијание ќе има разрешницата на ЕУ и НАТО интеграциите и во случај на позитивен исход ќе има и повеќе инвестиции и поголем раст. Ние и во следниот период нема да ги заборавиме малите и средни претпријатија и добрите корпоративни проекти што исто така се значајни за економијата и додаваат огромна вредност. Паралелно, нема да се заборави и населението и кредитите за него. Со сето ова и дополнително ќе се стимулира растот.“ - посочува Суџубаши во интервјуто кое може да го прочитате тука.