04 Мај, 2024
0.0243

Судот пресуди: д-р Тодор Ношпал е незаконски избркан од клинички центар, треба да се врати на работа!

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Клиниката за ортопедија незаконски му врачила отказ на ортопедскиот хирург Тодор Ношпал, одлучи скопската апелација, потврдувајќи ја пресудата на Скопскиот основен суд  2, открива др. Ношпал за Фактор. Судот уште во Април годинава пресудил дека лекарот е неосновано избркан од работа, но предметот се пресели во апелација, по жалбата на Клиниката за ортопедија, која сега е во состав на траума центарот. Сагата на доктор Ношпал трае веќе година и пол, откако клиниката му врачи отказ бидејќи наводно издавал злужбени тајни и ја повредил работната дисциплина, со тоа што во јавноста открил дека тешко болна пациентка не добива ортопедско помагало поради бирократски процедури. Сега др. Ношпал вели дека клиниката треба во рок од 8 дена да го повика на работа.  - Според пресудата клиниката мора да ме врати и тоа на истата раководна позиција на која што бев, шеф на оддел. Но јас уште од понеделник ќе отидам во клиниката за да видам што се случува, бидејќи иако во меѓувреме имам нов ангажман во приватна здравствена установа, размислувам и да се вратам на работа на клиниката – вели Тодор Ношпал, ортопедски хирург. Доктор Ношпал додава и дека за него ова е голема морална сатисфакција и доказ дека работел чесно според Хипократовата заклетва и според законот. КЛИНИКАТА МОЛЧИ Проблемите на доктор Ношпал, на Клиниката за ортопедија почнаа кога Министерот за здравство Никола Тодоров лани забрани пациентите сами да купуваат медицински материјали, и тоа да го прават само клиниките. Но во пракса наредбата на Тодоров се судри со тогашниот недостиг на ортопедски колкови и протези на клиниката, по што редици пациенти останаа да чекаат операција но да не смеат сами да купат материјали. Во мај лани најлоша беше состојбата на 78 годишна жена од скопско која чекаше операција, но во исто време беше во тешка состојба. Токму за нејзината состојба алармираше доктор Ношпал и се реши да направи операција, спротивно на забраната на директорот на ургентниот центар Реџеп Селмани. Работите станаа уште покомплицирани кога 78 годишната скопјанка почина набрзо, а ортопедот Ношпал беше суспендиран а потоа избркан од работа. Сега по пресудата на судот доктор Ношпал вели дека чека да види, дали и министерот Тодоров ќе ја цени одлуката на правосудниот систем. Ова значи, дека не само што мене ми направиле финансиска штета и штета на мојот углед, туку работеле незаконски и донеле незаконски одлуки со што нанеле и огромна штета на пациентите и на клиниката. За ова сепак треба да одлучи Министерот Тодоров и да одреди соодветна казна – вели Тодор Ношпал, ортопедски хирург Фактор побара коментар за пресудата на апелација од страна на директорот на скопскиот ургентен центар Реџеп Селмани, но од клиниките не дојде никаков одговор. С.Р.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото