Судијката Лаличиќ нема да одлучува по барањата за притвор на СЈО
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2017
Контроверзната судијка Софија Лаличиќ нема да постапува по најновите барања на СЈО до Кривичниот суд за одредување мерки притвор на припадници на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и други лица обвините за криминал и злоупотреби, пренесува Макфакс.
Лаличиќ се споменуваше и ја имаше во повеќе прислушкувани разговори кои ги објави СДСМ. Во бомбите Лаличиќ добива информација од Сашо Мијалков дека станала судијка и е изненадена, а исто така зборуваше дека нејзината колешка Лидија Петровска била „пушач“ и „гзолизач“ која и се „лигавела“ на Лидија Неделковска и ја дарувала со скапи подароци, меѓу кои и накит „Сваровски“.
Токму поради вмешаноста во бомбите Лаличиќ најверојатно побарала од претседателот на судот Рибарев да биде изземена од предметите.