14 Мај, 2024
0.0300

Судиите не можат да се помират со плата од 14.500

Објавено во: Македонија 22 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Судии преку писмо побарале од своето здружение да реагира кај Владата бидејќи намалувањето на нивните плати за месец април и мај на ниво на минималната со владина уредба, како што сметаат од таму, било „противзаконско и противуставно“, односно упад на извршната во независноста на судската власт.

„Доколку се имаат во предвид одредбите од Законот за плати на судиите и тоа чл.2 ст.2 од истиот дека платата на судијата не може да биде намалена со закон или со одлука на државен орган произлегува дека намалувањето на платите со Уредбата со законска сила претставува интервенција од страна на Владата на РСМ- извршната власт во платите на судиите која не е дозволена со закон.

Согласно чл. 8 од Уставот на РСМ темелни вредности на уставниот поредок на РСМ меѓудругите се и основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот, владеење на правото и поделба на државната власт на законодавна извршна и судска власт, правна заштита на сопственоста и др.

Според чл.98 Уставот ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Од овие причини судиите сметаат дека наведената Уредба иако е донесена во вонредна состојба истата е спротивна на Уставот и на наведениот Закон за платите на судиите, со Уредбата се доведува во прашање уставно востановениот систем на поделба на власта, на владеењето на правото и преставува директна интервенција на извршната во судската власт со што се доведува во прашање и уставно загарантираната самостојнот и независност на судството. Исто така се доведуваат во прашање и повеќе загарантирани основни човекови права со ЕКЧП и чл. 1 од Протокол 1“, се вели во дел од писмото кое го објави „Фокус“.

Во буџетската прераспределба од 6,542 милијарди денари меѓу буџетските корисници со одлука на Техничката Влада заради помош на македонската економија, најмногу пари за плати се чини ќе загубат судиите и судската администрацијата - 80 милиони и Јавното обвинителство - 31 милиони.

Во формираниот Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19 влегуваат и паричните средства во износ од разликата од полниот износ од нето платата до 14.500 денари, согласно Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“