19 Мај, 2024
0.0299

Субвенции само за 16 домаќинства кои произведуваат струја за себе

Објавено во: Економија 20 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Само 16 домаќинства добиле субвенции за набавка на соларни панели до 4 киловати за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка по огласот кој за прв пат годинава го објави Министерството за економија.

Ова е наведено од министерството во Програмата за економски реформи 2024 на Владата. а вкупниот инсталиран капацитет на скромниот број на домиќнства кои ги добиле субвенциите е 45 киловати.

Министерството за економија годинава за прв оат објави оглас за субвенционирање на домаќинствата кои на сопствен имот би инсталирале фотоволтаични централи и да произведуваат струја за себе. Субвенцијата беше предвидена да изнесува до 30 отсто од вредноста на инсталацијата, но не повеќе од 62.000 денари. Инаку за оваа мерка беа предвидени 8 милиони денари, а со овој епилог евидентно е дека не се потрошиле повеќе од еден милион денари државна помош.

Иако Правилникот за обновливи извори на енергија од 2019 дава можност домаќинствата да бидат просумери, односно нови учесници на пазарот и вишокот произведена електрична енергија да можат да ја пренесат во дистрибутивна мрежа, засега овој концепт е неизводлив затоа што се бара од нив да се снабдуваат истовремено со електрична енергија од слободниот пазар.

Во програмата за реформи, објавена на почетокот од месецов, се вели дека Министерството за економија разработува концепт како домаќинствата масовно да се вклучат на пазарот на електрична енергија истовремено како потрошувачи и продавачи. Планот е, како што пишува таму, да се тргнат бариерите и до 2040 на овој начин да се произведуваат дури 400 мегавати електрична енергија.

„Сопствената потрошувачка може да им понуди на крајните потрошувачи нови можности за придобивки од технолошкиот развој и начин да ги намалат сметките за енергија, притоа придонесувајќи за целите на политиката за животна средина и енергија. Според индикативната анализа, едно домаќинство со инсталирана фотоволтаична електрана од 4 kW на покривот може да заштеди до 500 евра годишно, а повратот на инвестицијата се очекува да биде помеѓу 6 и 8 години, во зависност од цената на опремата. 

Со цел да се промовира важната улога на производителите-потрошувачи, Министерството за економија со техничка помош изврши процена на главните бариери (правни, административни, регулаторни, финансиски, технички, свесност на клиентите, општествено прифаќање итн.) како почетен чекор за изработка на детална анализа што ќе биде во согласност со упатствата на Секретаријатот на енергетската заедница за овој концепт. 

Според Стратегијата за развој на енергетиката, целта на земјата е до 2040 година да има до 400 MW фотоволтаични системи на покривите – или просумери или системи од кои целокупната произведена електрична енергија ќе се користи за сопствени потреби или ќе се складира“, се вели во програмата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници