02 Мај, 2024
0.0545

Субрата Рој наскоро ќе бидe распрашуван за перење пари!

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Индиското истражно тело Директорат за спроведување наскоро ќе започне со распит на бизнисменот Субрата Рој кој се соочува со ново сомнение дека учествувал во активности за перење пари. Истрагата на овој директорат се темели на претходните испитувања спроведени од индиското регулаторно тело СЕБИ, кои сугерираат можност групацијата Сахара да била вклучена во вакви илегални активности, јавуваат индиските медиуми. „Врз основа на сознанија на СЕБИ и нашата првична истрага, се сомневаме во перење на пари во голем обем. Под директна истрага се околу три милијарди долар“, изјавил извор од Директоратот кој побарал да остане анонимен. Истражниот тим проверува дали групацијата Сахара била вклучена во перење пари и дали сомнителните три милијарди долари биле употребени за да се креира богатството и имотто на оваа компанија во Индија и во странство. Истрагата верува дека дури 90% од ситните инвеститори заведени во портфолиото на Сахара всушност се измислени лица, кои преку шемата биле искористени за да се исперат парите. Во првата фаза Директоратот ќе ги провери податоците за овие инвеститори, а веројатно наскоро истражителите ќе го посетат и затворот Тихар, каде ќе го сослушаат Субрата Рој за ваквите сомненија. Индискиот бизнисмен е во затвор повеќе месеци откако не успеа да ја испочитува наредбата на судоти на регулаторното тело СЕБИ за враќање на парите на измамените инвеститори. Ваквиот развој на настаните предизвика застој и на бизнис плановите на Субрата Рој за Македонија. Индиецот тука најавуваше инвестиција во земјоделството и туризмот, тешка околу три милијарди евра, но проектите не почнаа да се реализираат. Заради ова македонската Влада неодамна ја активираше банкарската гаранција понудена за инвестицијата во агрокомбинатот Џумајлија. Од групацијата Сахара преку соопштение најавија дека и покрај ова не се откажуваат од нивните инвестициски планови за Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа