15 Мај, 2024
0.0572

Студентите избраа! Шпаркасе Банка - омилена банка!

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка Македонија е добитник на сертификацијата STUBRAND 2016,со што стана прва и единствена банка во Република Македонија што го добива ова престижно признание за најпопуларен бренд според македонските студенти.

Истражувањето што го спроведе STUBRAND Macedonia оваа година ја мереше перцепцијата за имиџот на вкупно 405 брендови во 19 различни категории кај студентската популација. Според резултатите, Шпаркасе Банка ужива позитивен имиџ на брендот од 53%, односно голема емотивна приврзаност кон брендот кај студентите, а сотоа и ги исполни високите критериуми за стекнување на сертификатот STUBRAND 2016.

Со оваа престижна награда Шпаркасе Банка повторно го потврдува својот заслужен имиџ на „модерна банка“, која во преден план ги става современите банкарски текови и практики.  Имајќи ги своите корисници во преден план, Шпаркасе Банка успешно ги преточува искуствата на Ерсте и Шпаркасе Групацијата, како и банкарскиот know-how во нови и иновативни производи и услуги. Специјално за оваа таргет група, Шпаркасе Банка го креираше Fancy пакетот за млади,со цел да одговори на потребите на студентите за нивна финансиска независност и менаџирање со сопствените средства, како и поволни услови за финансирање нанивното школување.

Во рамките на стратегијата за општествена одгoворност, Банката на најуспешните студенти им овозможува да аплицираат за стипендија во рамките на проектот „Најдобрите од Југоистокот“, кој вклучува посета на студии на Универзитетот Карл Франценс во Грац и практика во рамките на реномираната Шпаркасе Групација, во вредност од 10.000 евра. Исто така, преку поддршка на проектот Social Impact Awards, Шпаркасе Банка ги наградува младите студенти-претприемачи да ги реализираат своите бизнис идеи од областа на социјалното претприемништво, овозможувајќи им експертиза од областа на финансиите и советување за понатамошна одржливост на младите претпријатија.

Шпаркасе Банка е иновативна не само во поглед на својата банкарска понуда, туку и во поглед на проектите што таа ги поддржува и кои имаат силно влијание и значајност за општеството, развојот на културата, спортот, образованието, науката и заштитата на животната средина.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 милијарди евра, повеќе од 2.300 вработени и преку 230 експозитури и регионални центри опслужува речиси 700.000 клиенти.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти