18 Мај, 2024
0.0365

СТРОГИ ПРАВИЛА - ако немате бизнис, земјиште во Србија не може да се купи

Објавено во: Македонија 05 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Доколку имате пари и сакате да купите земјиште во Србија, тоа дефинитивно нема да можете да го сторите. Можете да купите стан и дворното место околу него, но не и градежно или земјоделско земјиште.

Со ваква бариера се соочиле одредени наши граѓани кои се обиделе да купат земјиште во оваа соседна држава.

Правилата на игра во Србија не им дозволуваат на странци да купуваат земјиште во таа земја, освен доколку не се занимаваат со некоја дејност. Така е наведено на веб страницата на нивното Министерство за правда.

Односно, таму стои дека со членот 82а од Законот за основите на имотноправните односи, е пропишано дека странски физички и правни лица кои се занимаваат со дејност во нивната земја, можат, под услови на реципроцитет, да се стекнат со право на сопственост на недвижноста која е неопходна за нив за вршење на таа дејност.

Исто така, стои во текстот, странското физичко лице кое не се занимава со дејност во Република Србија, може, под услови на реципроцитет, да стекне право на сопственост на стан и станбена зграда, како и другите српски државјани.

„Физичко лице кое не се занимава со дејност во Република Србија, не може да се стекне со сопственост на други видови земјиште, освен доколку е во прашање земјиштето на кое се наоѓа станот или станбената зграда за кои стекнало право на сопственост, односно земјиште што се користи за редовна употреба на станот или станбената зграда“, се вели во објавата на српското Министерство за правда.

Во текстот се напоменува и дека не може да се купи ни земјоделско земјиште, бидејќи, со тамошниот Законот за земјоделско земјиште изрично е пропишано дека странско физичко, односно правно лице не може да биде сопственик на земјоделско земјиште, освен ако со истиот закон не е поинаку одредено, во согласност со Спогодбата за стабилизацијаи асоцијација меѓу ЕУ и нејзините држави членки од една, и Република Србија од друга страна.

Во текстот се нагласува и дека Србија има воспоставено договорен реципроцитет за стекнување право на сопственост на недвижности преку правни трансакции од страна на физички лица од само мал број на земји, и тоа по основ на договори за трговија и пловидба склучени во првата половина на дваесеттиот век. Такви земји се Велика Британија, САД, Кралството Холандија и Јапонија.

За нашата држава, Северна Македонија, пак, од тамошното Министерството за правда навеле дека ние сме во групата на земји со кои Србија има договор дека наши државјани таму можат да се стекнат со имот само по основ на наследство.

„Странските физички лица, во услови на реципроцитет, можат да стекнат право на сопственост на недвижен имот лоциран на територијата на Република Србија со наследство, под истите услови како домашните граѓани. Стекнувањето на недвижен имот со еден број на земји е уредено со билатерални договори..., што предвидуваат државјаните на едната договорна страна да наследат имот на територијата на другата договорна страна под исти услови и во иста мерка како и домашните државјани“, се вели во објавата на српското Министерство за правда.

И КАЈ НАС ВАЖАТ ИСТИТЕ ПРАВИЛА

Од нашето Министерство за правда велат дека право на секоја држава е како ќе го уреди ова прашање.

„Ние како Министерство за правда апсолутно не смееме да се мешаме во нивното интерно право да си го уредуваат ова прашање, односно ако е така уредено со нивните закони, тие мора да се почитуваат“, објаснуваат од Министерството за правда во земјава.

А, и српските државјани не можат да станат сопственици на земјиште во земјава. Всушност, согласно со нашите правила на игра, кај нас можат да купат имот само странски државјани кои доаѓаат од земјите членки на Европската Унија. Државјаните од Република Србија, пак, можат само да добијат одреден имот како наследство, што е всушност уставно загарантирано право, а истото важи и за нашите државјани во таа земја.

Додека, пак, македонските граѓани веќе можат легално на свое име да купуваат станови и куќи во соседна Грција. Тоа беше уредено со втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, според која, правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и хартии од вредност во странство. Оваа можност ја искористија голем број граѓани кои купија студија или вили во соседна Грција, пред се на полустровот Халкидики, но и станови во Солун.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8