17 Мај, 2024
0.0297

„Стрмош“ доби нов сопственик-кој плати 2 милиони евра за рудникот за неметали

Објавено во: Економија 21 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Засега не се знае кој плати 2 милиони евра за рудникот за неметали „Стрмош“ од Пробиштип. Лани оваа компанија направила приходи кои надминуваат 620.000 евра, а добивката била 2.200 евра

Пробиштипскиот рудник за неметали „Стрмош“ доби нов сопственик иако засега не се знае кој купи 99 отсто од акциите со право на глас на оваа рударска компанија. Трансакцијата со 11.535 акции со право на глас од „Стрмош“ е реализирана на 9 август при што вредноста на купопродажбата е 2 милиони евра, а цената по акција е 10.650 денари. Истргувани се 99,9 отсто од акциите со право на глас. Продавач на акциите е домашно правно лице.

„Стрмош“ е рудник за неметали и е формирано 1984 година. Основна дејност на друштвото е експлоатација и преработка на неметални минерални суровини: кварцит, опалска бреча, аморфниот бел опализиран туф и зеофит. Производствениот капацитет на „Стрмош“ е 200.000 тони годишно. Според официјалните податоци на веб страницата оваа компанија има 36 вработени.  Кварцитот се користи во металургијата за производство на феро легури.  Опалската бреча или пуцолан се користи во цементната индустрија. Белиот аморфен опализиран туф има широка лепеза на примена како што е: за филтрирање на отпадна и вода за пиење, огноотпорна индустрија, градежништво за термо лесни бетони и малтери, како носач на пестициди, полнител во гумарската и индустријата за хартија, индустријата за бои итн. Својот понатамошен развој друштвото го темели на развојот на новиот производ „Зеофит“ кој има широка примена. Ова е производ што има најширока примена во земјоделството и се користи за: подобрување на почвата, за прихрана и за заштита на растенијата. 


Како лани работел „Стрмош“?

Официјалните податоци кои ги објави друштвото на сајтот на берзата покажуваат дека лани „Стрмош“ годината ја завршил со добивка од 2.250 евра. Приходот на компанијата за цела година бил над 620.000 евра . За разлика од лани, 2016 година била подобра за оваа компанија. Приходите надминале 1 милион евра, а добивката била над 4.000 евра.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра