03 Мај, 2024
0.0257

Стресот предизвикател на долготрајни промени во мозокот?

Објавено во: Стил 20 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Луѓето со хроничен стрес имаат голем ризик од настанување на промени во мозокот кои што може да резултираат со промени во расположението подоцна во животот.

Овој заклучок ни го носи новата студија од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, каде што истражувачите направиле серија експерименти на глувци.

Пронајдено е дека хроничниот стрес произведува повеќе клетки кои што произведуваат миелин и го намалува на бројот на неврони во хипокампусот.

Како резултат, се добива поголема бела материја во мозокот која што го нарушува балансот на комуникација во мозокот.   Тоа може да резултира во поцврста врска помеѓу хипокампусот и амигдалата, со што се предизвикува зголемување на нормалниот “бори се или бегај“ одговор и намалување на можностите за модерација на ситуацијата.   Главниот истражувач, Даниела Кауфер вели дека ова истражување би можело да го постави патот кон разрешување на состојбите на анксиозност.

Студијата спроведена на Универзитетот во Гетеборг минатата година пронајде дека големото ниво на стрес во средните години може да предизвика Алцхајмерова болест кај жените.