19 Мај, 2024
0.0286

Стравот ги стопи девизните резерви: 73 милиони евра помалку во државниот сеф!

Објавено во: Финансии 11 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Само за еден месец, или во април во однос на март државните девизни резерви се намалени за 72,5 милиони евра. Новите податоци на Народната банка покажуваат дека заклучно со четвртиот месец, вкупните резерви изнесувале 2 милијарди 193 милиони евра, за разлика од мартовското салдо од 2 милијарди и 266 милиони евра. Според податоците за структурата на државните резерви, во април имало намалување на резервите во валути и депозити, чија вредност изнесувала 283 милиони евра со намалување на месечно ниво од 8,8 милиони евра. Намалување за 70,8 милиони евра има и кај резервите во хартии од вредност.Од друга страна во април зголемување за 15,2 милиони евра има кај резервите во злато. Намалувањето на државните девизни резерви за скоро 73 милиони евра се случи во месец во кој на девизниот пазар без регистрирани посериозни поместувања. Имено, поради неизвесноста од политичката криза, во банките и менувачниците беше регистрирана зголемена побарувачка за девизи, но во исто време беше регистриран и зголемен број на граѓани кои си ги повлекуваат штедните влогови или денарските ги трансферираа во девизни. Поради оваа состојба, Народната банка најпрво реагираше вребално и со интервенција од девизните резерви, но на крајот од април и почетокот на мај објави и пакет на мерки во насока на заострување на монетраната политика и влијание врз зголемената побарувачка за девизи, односно повлекување на депозитите од банките. Во пакет со овие мерки, НБМ, освен основно, објави и песимистичко сценарио за економијата, според кое, доколку продолжи и с епродлабочи политичката криза , годинава ќе заврши со раст од 1,6 отсто. Токму во ова сценарио, како последица од влошување на економските параметри, се посочува и намалувањето на девизните резерви, заедно со забавената кредитна активност, намалениот извоз помалите ефекти од увозот, помал економски раст и намалување на ценовното ниво. Сепак, засега од НБМ оценуваат дека девизните резерви се на соодветно стабилно ниво. “Значајно е да се нагласи дека економските фундаменти и натаму се здрави, а во последните денови има намалување на притисокот на менувачкиот пазар и на депозитите. Ø НБРМ ќе продолжи внимателно да следи и доколку е потребно ќе презема дополнителни мерки за целосно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти“, изјави гувернерот Диитар Богов и додаде: “Поголемиот дефицит на тековната сметка и предизвиците за неговото финансирање се пренесуваат на девизните резерви, но и при ова сценарио тие се на доволно ниво за справување со евентуални непредвидени шокови“   Во април годинава, во споредба со истиот месец лани, државните резерви се намалени за 150 милиони евра.  

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат