СТРАВ ОД НОВИОТ СОЈ: Грција воведува мерки за патниците од Јужна Африка
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 26 Ноември, 2021
Светот е во паника по појавата на новиот сој на коронавирусот.
Светската здравствена организација(СЗО) е загрижена од појавата на новиот сој на коронавирусот откриен во Африка.
Експертите на СЗО, треба да дефинираат дали новиот сој е „загрижување“ или како варијанта „од интерес“. Новиот сој има многу голем број мутации, што носи ризик од брзо ширење на болеста. Оваа нова варијанта на коронавирусот во Јужноафриканската Република е дијагностицирана кај вкупно 77 лица. Новиот сој е дијагностициран кај четири лица во Боцвана и едно во Хонг Конг кое дошло од Јужна Африка. Од СЗО велат дека засега не се знае многу за оваа варијанта.
Поради новиот сој Грција воведува нови мерки за патниците од Јужна Африка.
Дозволен влез само за грчки државјани и државјани на други земји за есенцијални потреби само по добиена дозвола, но и под услов да имаат негативен ПЦР тест, предвиден десетдневен карантин во Грција, тестирање при пристигнувањето, се дел од мерките што од утре наутро ги воведува Грција за патници од земјите од јужна Африка, Боцвана, Намибија, Лесото, Зимбабве, Мозамбик, Есватини, Замбија и Малави, поради новиот сој B.1.1.529 , пишува Катимерини.
Белгија го потврди првиот случај на јужноафриканскиот сој на коронавирусот во Европа.
фото freepik.com